Детски бон-тон: 20 правила на добро однесување што треба да ги знае секое дете
Експертот за бон-тон Мајка Маер објаснува дека никогаш не е прерано да се започне со лекциите за добро однесување кога станува збор за воспитувањето на децата.
„Ги учам децата на добро однесување, тоа значи да се биде љубезен, промислен и да се почитуваат другите во секоја ситуација… сите овие лекции мора да започнат додека децата се уште мали“.
Почнете да ги учите децата на бон-тон во моментот кога ќе почнат да зборуваат. Започнете со зборовите „молам“ и „благодарам“ кога нешто ви бараат.
Еве ги нејзините 20 едноставни лекции растење на добро воспитани деца:
1. Научете го детето да ги почитува другите околу него и да биде културно и љубезно.
2. Секој ден употребувајте ги следните 3 зборови и поттикнувајте го и тоа да ги употребува: МОЛАМ, БЛАГОДАРАМ, ИЗВИНИ.
3. Откако ќе може самостојно да седи на масата, покажете му точно како се употребува приборот за јадење.
4. Посочете му на детето како правилно се брише устата или носот (не со ракавот од блузичката).
5. Научете го дека се јаде, односно се џвака со затворена уста. И дека не се зборува додека се јаде.
6. Лактите не смеат да бидат потпрени на масата.
7. Возрасните не треба да се прекинуваат додека зборуваат со други возрасни луѓе, треба да се почека да завршат со разговорот.
8. Никогаш не треба да се коментира нечиј надворешен изглед, освен доколку немате да кажете нешто убаво, односно да дадете комплимент.
9. Научете ги децата како да даваат комплименти. Не лажни, изнудени, изнасилени, туку искрени и спонтани.
10. Поттикнете ги да размислуваат за што се благодарни. За новата играчка/облека, за одењето на одмор, за дружбата со другарчињата… разговарајте секојдневно и отворајте им нови видици на размислување.
11. Секогаш треба да им се помогне на другарчињата кои го заслужуваат тоа, особено оние кои се помали, немоќни и во неволја.
12. Научете ги децата како правилно да се претстават и секако, да ја запаметат адресата на којашто живеете.
13. Обрнете им внимание на говорот не телото, бидејќи со буткање, штипење и агресија нема да стигнат предалеку.
14. Немојте на возрасните околу вас да им се обраќате по име пред вашите деца, освен ако личноста не го дозволила тоа. Во спротивно, другите возрасни се баби, дедовци, стрини, вујковци, тетки, итн.
15. Секогаш треба да се чукне пред нечија туѓа врата пред да се влезе.
16. Една од лекциите треба да биде како пристојно се разговара по телефон, со вообичаените поздрав на почетокот и крајот од разговорот.
17. Научете го детето како да одржува контакт со очите и да гледа некого директно во очи додека разговара со нив.
18. Детето не смее непристојно да зјапа во други луѓе или да ги покажува со прст.
19. Секогаш, задолжително треба да ја покрие устата додека кива или кашла.
20. И сосема на крајот – треба да го научите детето да го викне другарчето кое е само и е надвор од групата и да му подаде рака.
(О)Милена | Црнобело