Како најлесно да го одвикнете вашето малечко од доење?
Вашето бебе пораснало и сега е време да го одвикнете од доење. Најдобро е да го направите ова постепено, во текот на три до шест месеци. За лесно одвикнување без стрес, најмногу ќе ви помогне добриот план.
Со тек на време, потребно е да почнете да го одвикнувате детето од мајчиното млеко и полека да го навикнувате на други типови храна.
Сепак, за процесот да биде успешен, не смеете да направите нагла промена и мора да бидете упорни и внимателно да ги следите чекорите.
Според многумина, вo првите месеци, новороденчињата се дојат најмалку осум пати дневно, вклучувајќи го и ноќното доење, а по одреден период ноќното доење се исклучува.
Дo петтиот месец, бебето се дои шест пати, а подоцна пет пати дневно. Сo дохранување би требало да започнете кога бебето ќе наполни шест месеци, но како да преминете од една во друга фаза и да му створите одбивност на детето?
Најдобро е да го направите ова прво со овошје и овошни сокови, потоа со зеленчук, а дури подоцна месо.
Постепеното одвикнување е најдобро бидејќи ова му овозможува на желудникот на бебето да се прилагоди на новата храна. Кога ќе почнете со одвикнување, на секои 2 до 4 недели укинувајте по едно доење од денот.
Доколку, пак, морате да се вратите на работа, можете да го забрзате целиот процес. Односно, на секоја недела да укинувате по едно доење и да го заменувате со оброк без млеко или млечна формула за бебиња.
Одвикнувањето можете да го спроведете во кое било време од годината, сè додека постојат поволни хигиенски услови и ако вашето здравје е добро.
Исто така, од голема важност е да го научите детето да јаде без присилување и со задоволство.
Спирова С. | Црнобело