Не се грижат за исхраната, ги учат на индивидуалност – како родителите во Холандија ги воспитуваат децата?

Тие ги осамостојуваат

Децата не се споредуваат со други деца, од нив не се бараат одлични резултати на секое поле, не се обидуваат да ги вклопат во општо прифатените стандарди (на пример, не ги тераат да пишуваат со десна рака)...

Детето се прифаќа онакво какво што е, со сите негови карактеристики.

ne-se-grizhat-za-ishranata-gi-uchat-na-individualnost-kako-roditelite-vo-holandija-gi-vospituvaat-decata-07.jpg

Родителите се интересираат за мислењето на детето

Родителите заедно ги носат одлуките и го вреднуваат мислењето на детето за речиси сите ситуации поврзани со него и веруваат во неговата одговорност.

Така, детето знае дека неговото мислење е важно за некого и расте со самоувереност.

ne-se-grizhat-za-ishranata-gi-uchat-na-individualnost-kako-roditelite-vo-holandija-gi-vospituvaat-decata-08.jpg

Не се опседнати со правилна исхрана на децата

Иако се грижат за нивното здравје, сепак не паничат за секое вишок изедено чоколатце или лепче со путер.

Не ги стават децата на посебни режими уште од мали и им дозволуваат да одберат што ќе јадат.

ne-se-grizhat-za-ishranata-gi-uchat-na-individualnost-kako-roditelite-vo-holandija-gi-vospituvaat-decata-10.jpg

Ги учат на интерес кон спортот

Љубовта кон спортот е важен дел од животот на Холанѓаните – фудбал, тенис, хокеј – изборот е на детето.

Зошто да гледа цртани и да игра игри на компјутер кога може да се забавува со пријателите или семејството и да спортува.

ne-se-grizhat-za-ishranata-gi-uchat-na-individualnost-kako-roditelite-vo-holandija-gi-vospituvaat-decata-12.jpg

Најважната лекција – одвлечете му внимание

Секогаш можете да го смирите детето, а родителите во Холандија практикуваат одлични методи наместо да викаат по детето.

Одбива да го облечете – дајте му играчка, сака да му купите некоја играчка – понудете му две опции од работи или активности што ги сака и дајте му да одбере (прошетка во парк или зоолошка), паднало и се удрило – раскажете му нешто смешно.

ne-se-grizhat-za-ishranata-gi-uchat-na-individualnost-kako-roditelite-vo-holandija-gi-vospituvaat-decata-13.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Мали работи што родителите треба да ги прават – на децата им значат многу Од најважните луѓе во нивниот живот, родителите, децата треба да слушнат дека&nb...
Бебињата на Скандинавците спијат надвор, во Кина не носат пелени - 5 необични методи на воспитување ... Во Индија и други азиски земји се практикува спиење со децата во ист кревет – ка...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg