Не се грижат за исхраната, ги учат на индивидуалност – како родителите во Холандија ги воспитуваат децата?
Додека родителите кај нас се плашат за секоја настинка и вишок изедено чоколатце, родителите во Холандија се релаксирани и имаат поинакви принципи на воспитување.
Холанѓаните обожаваат деца, како своите, така и туѓите, па често знаат на улица да се загледаат во други деца или дури и да си играат со нив.
Но, освен тоа, тие се познати и по чудните принципи на одгледување деца, што за нас веројатно се чудни, но некои од нив вреди да се пробаат.
Како родителите во Холандија ги одгледуваат децата и кои се тајните за нивниот успех:
Мајките не се грижат за диети
Додека кај нас мајките се опседнати со тежината по бременоста, таму, жените немаат некои стриктни правила по кои се водат во исхраната.
По раѓањето, не е препорачливо да јадат зелка, кромид, зачини и да пијат алкохол, но сè останато е дозволено.
Настинките кај бебето не се лечат со апчиња
Настинките не се заболувања, па секое течење нос и болење грло се лечи со чај или други природни додатоци во исхраната.
Родителите не креваат паника на секое покачување на температурата, а парацетамол е нешто што најмногу може да добијат децата, кога станува збор за апчиња, освен ако ситуацијата не се влоши.
Тие сфаќаат дека е неопходно да се зајакнува имунитетот, а не да се чуваат децата под стаклено ѕвонче и да бидат склони на секакви бактерии.
Не викаат и не ги казнуваат децата физички
Викањето или уште полошо дигање рака на дете во Холандија е нешто незамисливо. Родителите никогаш не ги удираат децата, ниту пак ги засрамуваат јавно.
Таму сите проблеми се решаваат со зборови, а ако посакате да кренете рака врз детето, тогаш проблемот е во вас, не во децата, според нив.
Детето се гледа како возрасна личност
Родителите разговараат со децата како со возрасни и смирено им објаснуваат за секоја ситуација што е правилно, а што нив.
Тие им даваат слобода на децата да прават што сакаат, сè додека тоа е безбедно за нив и не ги вознемирува другите.
На децата им се дава право на избор, па тие не се обидуваат да им го контролираат секој чекор, бидејќи секој треба да направи грешка, за да научи од неа.
Сè е возможно и дозволено, но откако прво ќе им се објасни за последиците од секоја ситуација.
Ги учат да решаваат проблеми без конфликти
Холанѓаните по природа не се склони кон конфликти и кавги, тие преферираат да останат тивки, отколку да го изразат мислењето кое е сосема поразлично од соговорникот, кој не прифаќа туѓо мислење.
Тие така ги учат и децата уште од мали и ги советуваат да размислат двапати пред да изговорат остри и навредливи зборови, како и дека сите проблеми може да се решат со зборови и разбирање.