6 лекции за парите кои треба да ги научат вашите деца

Децата уште од мали нозе треба да ги учиме како да заштедат пари и како најдобро да ги распределат.

6 lekcii za parite koi treba da gi naucat vasite deca 01

На оваа важна лекција вашите деца ќе бидат благодарни еден ден, бидејќи ќе бидат повеќе способни да управуваат со своите финансии.

Ова се 6 лекции за парите кои треба да ги научат вашите деца:

1. Парите не растат на дрво

Ако вашите деца ве гледаат додека ги повлекувате парите преку банкомати, ќе добијат впечаток дека парите доаѓаат лесно - доволно е само да се притисне копчето.

Треба да им објасните колку треба да работите напорно за да ги добиете овие пари.

2. Покажете им како мудро да го трошат џепарлакот

За да ги научите децата како паметно да го трошат џепарлакот дајте им книга во која ќе водат сметка за тоа како ги трошат парите.

Ако вашето дете купи некоја супер играчка, која случајно ја видело во излогот, и нема доволно пари да го купи предметот што многу сакало да го има, ќе разбере што се последиците на неразумно или непланирано трошење пари.

3. Планско трошење на буџетот

Децата треба да научат дека не е мудро веднаш да ги потрошат сите пари што ќе ги добијат. Затоа, пред да одите во заедничко купување направете список - што ќе купите, во кои продавници и колку планирате да потрошите.

Споредете ги цените, проверете кои производи се на попуст и колку сте заштеделе. Децата брзо ќе ги разберат сите придобивки од планираното купување.

6 lekcii za parite koi treba da gi naucat vasite deca 03

4. Со заштеда до нова играчка

Кој штеди внимателно, секогаш има сè. Ако вашето дете посака нова играчка за која нема доволно пари, кажете му да почне да штеди за да ја исполни таа желба.

Веднаш штом ќе соберете доволно пари, однесете го детето во продавницата за да ја купите посакуваната играчка. Таквото искуство ќе го стимулира да штеди за нови играчки и ќе сфати дека штедењето е одлична работа!

5. Составете листа на желби на вашето дете

Не е лесно да се одредат приоритетите за децата. Затоа е најдобра варијанта да седнете заедно и да направите листа на работи што би сакале да ги купат со своите заштеди. Помогнете им со предлози за да го направат нивниот избор колку што е можно подобар.

6 lekcii za parite koi treba da gi naucat vasite deca 02

6. Покрај тоа што со парите можеме да купуваме, можеме и да помагаме

Научете ги децата да одделат дел од своите заштеди за добротворни цели. Ова ќе ги научи дека парите можат да се користат, не само за купување, туку и за помагање на другите.

Научете ги дека не е важно колку пари донираат, бидејќи секоја монета е подеднакво важна.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg