Типични проблеми на луѓето кои не биле доволно сакани во детството
Љубовта на ближните во раните години, значително се одразува на самодовербата, како и целокупната личност на возрасните. До која мера недостатокот е кобен за остатокот од животот?
Ова се осумте типични проблеми на луѓето кои не биле доволно сакани во детството:
1. Мошне тешко им е да постават граници.
Тие се личности со ниска самодоверба, кои честопати немаат смелост да изговорат „не“. Воедно, не сакаат да кажат кога нешто ги мачи, не им е по волја, или, пак, не знаат.
2. Се чувствуваат виновни кога мислат на себе.
Од друга страна, имаат грижа на совест, штом ќе им се јават личните потреби и интереси. Предност секогаш им даваат на другите, а тие најчесто се повлекуваат.
3. Не им е лесно да се отворат.
Не даваат да им ги видите ни картите, а камоли да ви ја соголат душата. Ако некој им се приближи, тие уште повеќе се оддалечуваат. Ако друг човек покаже интерес за нив, тие се вообичаено сомничави.
4. Плашливи се.
Погрешни одлуки. Непријатни прашања. Јавен превоз. Личностите со недостаток на самодоверба неретко имаат страв од такви нешта. И стравот од врска не е нетипичен. Доколку ништо не преземат по ова прашање, со тек на време ќе им биде уште полошо и полошо.
5. Проблем им е да веруваат во некого.
Зошто останатите би им мислеле и посакувале добро? Ако не биле доволно сакани во детството, тие сметаат дека ниту денес, исто така не ги сакаат другите луѓе.
6. Многу им е страв од одбивања.
Тие да пријдат на некого? Ни во лудило! Ова според нив води до одбивање, а потоа и до разочарување. На луѓето кои не искусиле доволно љубов како деца, во возрасното доба им недостасува храброст да се приближат некому.
7. Се чувствуваат осамени и изолирани.
За нив не постои никој што им е важен, кој им е при срце, или, пак, во кого може да имаат доверба. Барем така тие веруваат.
8. Склони се кон нездрави врски.
Дури и кога партнерот лошо се однесува, па не се чувствуваат ни малку добро во врската, луѓето со мала самодоверба, често се држат за него како пијан за стап. Бидејќи тие самите не веруваат дека заслужиле нешто подобро.
М. А. | Црнобело