„Родив 3 деца, имам растресен стомак, стрии, лузни, но телото ми е подготвено за плажа“
„Ова тело израсна 3 џиновски бебиња. Се истегна во целиот свој капацитет, па и нешто повеќе. Два пати беше сечено. Едвај одеше без помош, но ете го уште стои.“
Сенди Балард е мајка која ќе ве воодушеви со искреноста. Нејзиниот Инстаграм профил е полн со слатки семејни фотографии, но сега искрено проговори за несигурностите околу своето тело.
Нејзината објава стана вирален хит:
„Ова ми беше трета бременост.
Растресен стомак, лабави бутови и гради како топки поради доењето. Ова тело е подготвено за на базен. Дали е слабо? Не. Дали е како што некогаш беше? Не. Дали се врати во почетната форма? Не.
Но, тоа е тело и има базен. Па, така тоа е подготвено за базен.
Израсна 3 џиновски бебиња. Се истегна во целиот свој капацитет, па и нешто повеќе. Два пати беше сечено. Едвај одеше без помош, но ете го уште стои.
Минував часови посакувајќи да изгледа како некогаш. Сите стрии, лузни и несовршености да исчезнат. Но, ги одложив работите додека не ослабам.
Потоа, сфатив дека ги пропуштам нивните животи. Овие мали луѓе кои ги сакам толку многу. Толку се измачив да ги родам. Сторив сè за нив.
Потоа сакав да го покријам тоа и сокријам. Зошто? Затоа што општеството ни кажува дека телото треба да ни изгледа на одреден начин за на плажа.
Па, по моето трето бебе конечно сфатив дека веќе имам тело подготвено за плажа и полни раце и полно срце. Овие деца ме гледаат и слушаат како зборувам за себе.
Периодот по породувањето е убав. Ја сакам секоја лузна, има жени очајни да имаат такви лузни, очајни да родат и еве сум јас со ТРИ здрави, среќни бебиња. Му благодарам на бог за тоа.
Не губете време молејќи се да бидете слаби затоа што тоа нема да функционира, верувајте ми. Минувајте го времето играјќи си во базен со вашите деца. Минувајте го времето благодарејќи му на бог за чудото на мајчинството.
Тие нема да се сеќаваат на вашите мани, ќе се сеќаваат на миговите кога сте се забавувале заедно. Работам напорно да ја сакам кожата во која сум.“