Дали треба целосно да им се забрани пристап до електронски уреди на децата?
Факт е дека децата имаат корист од технологијата и социјалните мрежи. Тие им помагаат да научат нешто, да ги изнесат своите идеи и да комуницираат со нивните пријатели.
Сепак, прекумерната употреба на овие направи може да има негативно влијание врз нивното здравје, навики за спиење и исхраната, па дури и на нивната концентрација.
Но, целосната забрана за употреба на технологија или социјални мрежи не е решение. Според психијатрите од САД, има начин што ќе ви помогне да ја воспоставите правилната рамнотежа.
Станува збор за правење план за користење на технологија и социјални мрежи. Планот треба да го направат родителите, а треба да им одговара и нив и на децата.
Идејата е децата и родителите да ги спроведат правилата препорачани од педијатрите за времето поминато пред екран, вклучувајќи го телевизорот, мобилниот, компјутерот, таблетот...
Благодарение на овој распоред, никој од семејството нема да спие со својот уред, а со тоа ќе се подобри квалитетот на сонот. Секоја употреба на овие направи треба да престане намалку еден час пред спиење.
Семејниот план треба да ги вклучува сите животни навики – од барем еден час вежбање, до спиење барем 7 часа.
Овој план ќе им помогне на родителите да се вклучат во дневните активности на своите деца, како и да одредат колку време ќе имаат на располагање за користење на технологија и социјални мрежи.
Без разлика каков е вашиот формат, можете да го менувате распоредот така што ќе има позитивно влијание врз вас и врз вашите деца.
Спирова С. | Црнобело