Мајка сподели лесен трик за отстранување на песокот од стапалата на плажа
Песокот залепен за нозете по пливањето знае да предизвика нервоза. Верувале или не, бебешката пудра е решението.
Легнувате на лежалката на плажа, а на вашите влажни стапала се залепил тон песок. Потоа тој ви крцка во сандалите, па го внесувате дури и во хотелската соба.
Го има на подот, на креветот, насекаде... Ова е летен кошмар, зарем не?
Но, една мајка сподели едноставен трик со кој го отстранува песокот од своите нозе, но и од нозете на децата.
Таа откри дека користи бебешка пудра за полесно да го отстрани песокот. Секогаш ја има во чантата за плажа и ѝ го променила животот.
Иако, некои луѓе на плажа ја гледале чудно што прави, таа вели дека пудрата делува брзо затоа што ја отстранува влагата од кожата, овозможува песокот да падне од неа, како и да не се лепи нов.
Сега, одморот може да ви биде совршен.
С. С. | Црнобело