Како да му помогнете на вашето бебе да ги издржи летните горештини?

Многу мајки ги облекуваат нивните деца со дебела облека дури и во летните топли денови, од страв дека ќе студи. Но, на бебињата не смее да им биде жешко и треба да ги ослободите од непотребната облека.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-bebe-da-se-spravi-so-letnite-goreshtini-01.jpg

Во овој период треба да обрнете посебно внимание на облеката на вашето бебе. Ако вам ви е топло во блуза на долги ракави, ќе му биде топло и на вашето дете. Немојте да се плашите дека ќе се разболи ако го соблечете.

Студените раце или стапала на бебето не се знак дека му е студено. Можете лесно да проверите дали на детето му е топло – доколу има пот на вратот, главата или пазувите, облечете му полесна облека.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-bebe-da-se-spravi-so-letnite-goreshtini-02.jpg

Сепак, доколку сонцето пече, може да го облечете во долги ракави, но облеката да биде од лесен материјал.

Ситните црвени точки што можат да се појават на телото на бебето, најчесто под пазувите и на вратот, се сигурен знак дека му е топло.

Па, редовно освежувајте го со капење, а избегнувајте ги мрсните креми бидејќи ги затвораат порите и не ѝ дозволуваат на кожата да дише.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-bebe-da-se-spravi-so-letnite-goreshtini-03.jpg

Кога станува збор за летната облека, гледајте да биде лесна, со светли бои и од материјал што впива. Најдобро е да одберете памучна облека, а да ја избегнувате синтетиката.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-bebe-da-se-spravi-so-letnite-goreshtini-04.jpg

Доколку бебето е изложено на сонце за време на прошетката, не заборавајте да му ставите шешир или капа. Избегнувајте ги и носилките од дебел материјал бидејќи брзо ќе се загреат од топлината на вашето тело и високата температура.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-bebe-da-se-spravi-so-letnite-goreshtini-06.jpg

Доколку имате двор и често влегувате и излегувате од домот, температурата во затворената просторија треба да биде 3-4 степени пониска од надворешната.

Исто така, не дозволувајте климата или вентилаторот да дуваат директно во вашето бебе, туку сместете го подалеку од изворот на ладење.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-bebe-da-se-spravi-so-letnite-goreshtini-05.jpg

Спирова С. | Црнобело / фото: depositphotos.com 

Би можело да ве интересира:

5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе? Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да з...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg