Како се менува летниот одмор кога ќе станете мајка: „Мислам на детски изгореници и настинки, а не на секс“

letuvanjeto-od-agol-na-edna-majka-mislam-na-detski-izgorenici-i-nastinki-a-ne-na-seks-01.jpg

Некои работи дефинитивно се менуваат кога ќе станете родители. Moжеби повеќе не спиете колку што сакате или на распродажба попрво би купиле пелени отколку чевли, не знам.

Но, едно е сигурно тоа мало суштество едноставно ќе обожавате да го сакате. Една насмевка и една прегратка ќе ви бидат доволни за да ве потсетат зошто сте на оваа планета, која е смислата на вашето постоење и колку е значаен секој ваш здив. Бидејќи повеќе не дишете поради себе...

Додека ја гледав мојата ќерка во песокот како си игра не можев да не се запрашам - како? Како сè се промени толку брзо? Мене како на девојка, жена, мајка, како и да се наречам.

Сето тоа полека започнува со одморите. Летувањето...

Како девојка кога стануваше збор одењето на плажа, обично потребно ми беше да имам пешкир, но и тоа не беше важно бидејќи се сушиш додека танцуваш и пиеш коктели, а навечер носиш нечија маица, наутро се будиш во неговите шорцеви. Во секој случај одењето на плажа бараше млеко за сончање, очила за сонце, пари, кондоми. Тоа е сè. Спиев или во вила или во хотел.

letuvanjeto-od-agol-na-edna-majka-mislam-na-detski-izgorenici-i-nastinki-a-ne-na-seks-04.jpg

Е, потоа следното лето кога веќе имате момче, па работите малку стануваат посериозни, но минимално. Место еден, ставате 2 пешкира, млеко за сончање, 2 пара очила за сонце, вода, храна, чешел, пари. Кондомите се во соба. Сместување - хотел со 3 ѕвезди во центарот. Сè е слатко и романтично. Сами на плажа додека сонцето заоѓа.

Потоа, следното лето се мажите. Хотел со 5 ѕвезди бидејќи добивте пари за свадба, па како што велат старите - се има, се може. И потоа сè е слатко и романтично, но ве надвладуваат емоциите, па на големо размислувате колку би било слатко да ги гледате вашите деца како се шеткаат по плажата додека сонцето заоѓа. Кондоми не користите веќе и почнува проширувањето на семејството...

letuvanjeto-od-agol-na-edna-majka-mislam-na-detski-izgorenici-i-nastinki-a-ne-na-seks-02.jpg

А потоа, следното лето.

Сместување - пристоен апартман до одредена цифра со повеќе кревети бидејќи ве има најмалку 5 плус бабата. Понекогаш и дедото. Кујна мора да има задолжително бидејќи секогаш постои можноста некој да е гладен штом се вратите од плажа или прошетка.

А со вас понесовте и 2 гајби домати и компири, плус 4 смрзнати пилиња и 5 пакетчиња шницли. Така се прави затоа што децата на море секогаш изгледаат како да е гладна година.

Гирото е 2 ипол евра, а вие сте 6, па плус 6 сокови и 3 кисели води, бидејќи бабата ја уби горештината, па после исто толку палачинки да се засладите, па видете колку се исплати вака секоја вечер. Штедењето е наука.

Одење на плажа: кантички, лопатки, 10 пешкири – големи и мали, количка, гребло, маска за нуркање, мрежа за риби, пераи, вреќа за спиење, дополнителен чадор за сонце за бабата, иако веќе ѝ плативте лежалка со чадор, таа не сака да изгори. Потоа носите сендвичи, вода, овошје, слатки, па ужина, друга ужина, сокови, кафе, лекови, термос, фластери, шешири, шапки...

Бог знае што сè нема да пронајдете во торбата за плажа. А што се однесува до кондоми? Не размислувате за тоа бидејќи немате ни кога покрај дијареја, повраќање, изгореници од сонце, медузи, високиот притисок на бабата и останатите божји искушенија.

И така доаѓа залезот на сонцето и ти ги гледаш своите деца како трчкаат, но овој пат ги гледаш како го прогонуваат чичкото што ги продава последните крофни и ви ги убиваат последните евра од овој ден за плажа. Но... сè за семејството... Читате љубовен роман и пиете лошо кафе од термосот, а мажот си свирка и пие топло пиво од 3 евра кое го влече цел ден затоа што така треба ако сакаш лежалка. Но, опуштено...

letuvanjeto-od-agol-na-edna-majka-mislam-na-detski-izgorenici-i-nastinki-a-ne-na-seks-03.jpg

Само на миг ти минува низ глава дека цела година чекаше на овие 10 дена, се убиваше од работа, а работеше дури и прекувремено за да ги обезбедиш овие 10 дена одмор. Се задолжи кај пријател и кај банката, како што е задолжена и самата Грција во која летуваш, но за тие теми зборуваш само под дејство на ракија или седативи. Но, твоето тело и ум се прават дека се на одмор, иако се далеку од тоа. Дишете длабоко и го впивате секој миг убавина...

Ете така изгледа еден просечен одмор со семејството на море.

Односно, не е секое сценарио вакво, но јас зборувам за обичните смртници со просечна плата.

Но, сигурна сум дека на никој од луѓето на кои вака им завршуваат одморите не им е жал затоа што баш така испаднало, затоа што испаднало најдобро што може. Само чудно е како работите се менуваат од година на година толку драстично, а кога ќе погледнеш минала само една година, а што сè останува зад неа... Не можеш да веруваш.

Времето лета и никако не можам да се помирам со фактот дека детето оваа година ми тргнува на училиште. А јас, како и сега, мислам дека ќе седам и ќе гледам слики од море кога била мала кога таа ќе биде со некој и ќе го прави тоа што го правам и јас, само се надевам со заштита... Изгледа така е кога ќе станеш родител.

letuvanjeto-od-agol-na-edna-majka-mislam-na-detski-izgorenici-i-nastinki-a-ne-na-seks-05.jpg

Но, сеедно, ништо не може да го замени тоа чувство кога знаеш дека си направил нешто убаво за своите деца. Без разлика како ти е тебе, по нивните насмевки и сеќавање на тоа летување, сигурна сум дека тоа ќе ти биде најубавиот одмор кога било.

Бидејќи мене ми ова ми беше најубавиот одмор и навистина ништо не би менувала ниту за 100 хотелски ѕвезди...

Извор

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg