Една третина од татковците страдаат од депресија по раѓањето на бебето, а никој не зборува за тоа

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека една третина (34%) од британските татковци доживеале „постпартална депресија“. Речиси две третини од овие испитаници почувствувале анксиозност по раѓањето на детето, додека една третина признава дека не знае како да се зближи со бебето.

Edna tretina od tatkovcite stradaat od depresija po raganjeto na bebeto 01

На прашањето како се чувствувале на самиот почеток, една четвртина изјавила (24%) дека почувствувале огромен притисок, бидејќи морале да обезбедат сè за семејството, додека 22% изјавиле дека поради недостатокот на сон биле исцрпени. 15% новопечени татковци се чувствувале како да „закажале како родител“.

Истражувањето открива дека половина од новопечените татковци (49%) се чувствуваат засрамено, бидејќи не знаат како да се справат со новите предизвици.

На прашањето зошто, 40% татковци изјавиле дека чувствуваат осуда од членовите на семејството, 32% чувствуваат осуда од пријателите, а повеќе од една третина чувствува притисок од општеството.

Затоа не изненадува што многу мажи не зборуваат за нивните проблеми, туку страдаат во тишина.

Некои татковци велат дека биле подложени на чувство на срам, заради активната родителска улога што ја презеле, како, на пример, носење на бебето или туркање колички.

84% од испитаниците веруваат дека влијанието на раѓањето на детето врз татковците останува незабележано, а 72% сметаат дека не добиваат доволна поддршка од околината.

Edna tretina od tatkovcite stradaat od depresija po raganjeto na bebeto 02

Носењето на бебето за британските татковци е еден од трите главни начини за зближување, а според анкетата, 62% од нив сметаат дека токму ова им помогнало да се поврзат со своето дете.

Затоа татковците треба да се охрабруваат да ги прават овие работи, наместо да се исмејуваат.

Бидејќи 9 од 10 татковци (88%) велат дека би било многу корисно да добијат повеќе информации за поврзувањето со детето, очигледно е дека постои желба да се научи уште повеќе.

Истражувањето, кое било спроведено над повеќе од 1.000 британски татковци, покажало дека 92% од татковците, и покрај сите проблеми, сметаат дека најдоброто искуство во светот е да се биде татко.

Edna tretina od tatkovcite stradaat od depresija po raganjeto na bebeto 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе? Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да з...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...
8 работи кои може да ги правите со вашите деца додека патувате, а немате интернет Игри кои се одлични за збогатување на вокабуларот на детето и го развиваат чувст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg