7 животни совети кои генијалците им ги даваат на своите деца
„На никој не му е лесно во животот, и што сега? Мора да бидеме упорни и, пред сè, да имаме самодоверба. Мора да веруваме дека сме талентирани за нешто и дека во тоа ќе бидеме добри и успешни.“ - велела Марија Кири.
Овие брилијантни жени и мажи ја зајакнале науката, медицината и нашето разбирање на универзумот.
Еве какви совети им давале на своите деца пред спиење:
1. Стивен Хокинг за најважните работи во светот
„Прво, не заборавај да погледнеш горе во ѕвездите, а не во твоите стапала. Второ, никогаш не се откажувај од својата работа. Работата ти дава смисла и цел и без неа животот е празен. И трето, ако си среќен и ја пронајдеш вистинската љубов, не ја отфрлај.“
2. Алберт Ајнштајн за најдобриот начин на учење
„На клавирот свири ја музиката што те прави среќна, иако не ти ја дал твојот наставник. На овој начин ќе научиш најмногу, правејќи нешто со ентузијазам, нема ни да почувствуваш како поминува времето“.
3. Марија Кири за моќта на самодовербата
„На никој не му е лесно во животот, и што сега? Мора да бидеме упорни и, пред сè, да имаме самодоверба. Мора да веруваме дека сме талентирани за нешто и дека во тоа ќе бидеме добри и успешни.“
4. Бил Нај за најважното нешто што треба да се запамети за другите луѓе
„Сите луѓе што некогаш ќе ги запознаеш знаат нешто што ти не знаеш. Автомеханичарите денес знаат да кодираат за да ја поправат електрониката во автомобилот.
Готвачите ја разбираат способноста на бакарот да ги контролира протеините. Градежниците ја знаат силата на различните материјали. Почитувај го нивното знаење. Учи од нив.“
5. Нил деГрас Тајсон за надминување на пречките
Имам колеги со дислексија. Ова е пречка, но што прават натпреварувачите на Олимписките игри кога ќе наидат на пречка? Ја прескокнуваат.“
6. Едвард Озборн Вилсон за потрага кон знаење
„Чувајте ги очите отворени и вртете се околу себе. Потрагата кон знаењето е во нашите гени. Таму била оставена од страна на нашите древни предци, а желбата за знаењето никогаш нема да биде потисната.“
7. Бен Френклин за однесувањето кон неговите ближни
„Колку повеќе се грижиш за својата мајка, толку ќе бидеш поголем човек во моите очи.“
Ашера | Црнобело