„Не ги бакнувајте бебињата“ - вознемирена мајка објави загрижувачки фотки од своето бебе
„Имавме крштевка, многу луѓе го држеа и бакнуваа, некој од нив го заразил моето бебе со вирусот херпес“, вели загрижената мајка.
Новороденче речиси ќе умрело откако било заразено на окото со херпес симплекс на крштевката.
Ноа Тиндл имал само 4 месеци кога неговата мајка забележала дека окото му е отечено. По посетата на доктор ѝ било кажано дека вирусот му е пренесен откако инфицирана возрасна личност го бакнала на лицето.
Сега, таа е на мисија да ја прошири пораката зошто луѓето не треба да ги бакнуваат бебињата, особено новороденчињата.
Ноа речиси ќе го изгубел видот на едното око поради ова и минал повеќе од 2 месеци на клинка за да закрепне.
Неговата мајка предупредува дека дури и да немате активна рана од вирусот херпес вие сепак сте носители и го имате во системот, па преку плунка можете да го пренесете.
Предупредувачки фотографии од малиот Ноа, кој сега има 9 месеци:
С. С. | Црнобело