Majка со брилијатен изум за дечињата со посебни потреби стана вирален хит

„Имам аутизам, може да одбијам помош“ е еден од написите за безбедносен појас во автомобил кои може да му го спасат животот на некое дете.

majka-so-brilijaten-izum-za-pomosh-na-dechinja-so-posebni-potrebi-stana-viralen-hit-01.jpg

Натали Бел од Австралија е предана мајка која го сака само најдоброто за своите 5 деца.

Бидејќи едно од нејзините деца е глувонемо, Натали смислила изум кој на нејзината ќерка би ѝ помогнал во случај на сообраќајна незгода, кога таа самата не би можела да ја пренесе информацијата.

Ќерката на Натали има кохлеарен имплант во увото и поради тоа не смее да биде подложна на прегледи со магнетна резонанца (МРИ). Па, токму ова Натали го напишала како предупредување на нејзиниот безбедносен појас во автомобилот.

majka-so-brilijaten-izum-za-pomosh-na-dechinja-so-posebni-potrebi-stana-viralen-hit-02.jpg

По позитивните реакции за изумот, Натали направи вакви персонализирани пораки за дечиња со Даунов синдром, аутизам и други проблеми, кои би им помогнале на медицинските лица да дознаат за нивната состојба и внимателно да пристапат кон нивниот третман во случај на незгода.

Креативно и корисно, секоја чест!

majka-so-brilijaten-izum-za-pomosh-na-dechinja-so-posebni-potrebi-stana-viralen-hit-05.jpg

majka-so-brilijaten-izum-za-pomosh-na-dechinja-so-posebni-potrebi-stana-viralen-hit-03.jpg

majka-so-brilijaten-izum-za-pomosh-na-dechinja-so-posebni-potrebi-stana-viralen-hit-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...
Што да направите ако детето ви се изгуби на плажа? Советувајте го да стои во место, а не да ве бара низ плажата и осигурете се дека...
Најопасните предмети во детска соба, според доктори од брза помош Секоја година има илјадници случаи на деца кои се повредиле од греалки – некогаш...
Кои знаци укажуваат дека детето што ја удрило главата има сериозни повреди, според поранешна докторк... Кога се мали, децата често не внимаваат, па често може да им се случи да паднат ...
Кои знаци покажуваат дека треба да посетите дефектолог со вашето дете (и како да се подготвите за пр... Не постои погрешно време за посета на дефектолог. Важно е да ја препознаете потр...
Низ илустрации: Како да најдете заеднички јазик со децата (и да ја подобрите комуникацијата)? Не му ги забранувајте работите што му се важни и не ја наметнувајте вашата помош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg