4 ситуации во кои родителите треба да му дозволат на детето да погреши
Ако не си го искусил неуспехот, никогаш нема да успееш – реченица која на сите ни е многу добро позната, но родителите некако магично постојано ја забораваат.
Дозволете му на детето да погреши. Дозволете му да научи од сопствените грешки.
Во следните 4 ситуации попаметно е да му дозволите да погреши, отколку постојано да му кажувате што да прави:
1. Нека погреши и нека одбере лоши пријатели
Речиси секој човек во одреден период од животот ќе се разочара од близок пријател, па дозволете му на детето уште од мало да ги истражува и испробува човечките карактери, за да одлучи кој тип на пријател најмногу му одговара.
2. Спортски и други видови на натпревари
Натпреварите се одличен начин детето да ги тестира своите граници, да види што може, што сака, а што не може и не сака. Не глумете стручни лица за сè и сешто.
3. Домашни обврски
Детето никогаш нема да научи да раскрева, мие и чисти зад себе или да си зготви основно јадење, ако не му дадете шанса да проба и да промаши неколкупати.
4. Домашни задачи
Оценките и учењето се важни, но поважно е задачите детето да си ги завршува само. Оставете го да ги напише во минута до 12, оставете го и некогаш да не ги напише, за да ги разбере последиците.
М. Д. | Црнобело