Работи кои воспитувачите во градинка им ги премолчуваат на родителите
Родителите кои немаат некој близок што може да им го чува детето, мораат да го пуштат во градинка по завршувањето на породилното отсуство.
Мислењата на родителите за пуштањето на децата во градинка се многу поделени – едни сметаат дека таму не се добро чувани и дека може често да се разболуваат.
Други пак, сметаат дека тоа е добро за имунитетот на детето, како и за развивање социјални, комуникациски и друштвени способности.
Учителките и воспитувачките пак, имаат сериозно голема задача со оглед на тоа што чуваат голема група на деца, треба да се грижат за нивната безбедност, да ги нахранат, да ги успијат и да им го исполнат денот со активности.
Секако, тоа понекогаш може да биде тешко, па сосема е очекувано да се направи и по некоја грешка, а според изјави од вработени и родители, во продолжение следат неколку работи кои воспитувачите не ги споделуваат.
Во продолжение, неколку тајни кои тие им ги премолчуваат на родителите...
1. И покрај многу обиди, децата некогаш одбиваат да јадат и остануваат гладни.
2. Не им се важни вашите приватни проблеми и животи, иако мора да ве сослушаат.
3. Тие не секогаш имаат време за редовно да им ги проверуваат и менуваат пелените на децата, а некогаш остануваат и со една иста по цел ден.
4. Непослушните деца понекогаш добиваат казни како седење во ќош, добивање помалку храна и слично, иако не им е дозволено.
5. Тие не знаат што прави секое дете во секоја минута бидејќи се одговорни за многу деца истовремено, па може да се случи некој пропуст во нивното чување.
6. Децата понекогаш ги викаат нив „мамо“ бидејќи поминуваат голем дел од денот во градинка од мала возраст.
7. На децата им е потребно квалитетно поминато време и со родителите. Иако детето си играло цел ден, не е доволно да го земете од градинка и дома да го оставате само бидејќи му е доволно играње за денес.
M. M. | Црнобело