Зошто не треба да ги скокоткате децата и кои се последиците?
Скокоткањето на дечињата личи како игра, но е многу поопасно отколку што можете да замислите.
Иако сите сме биле скокоткани како мали, па тоа го сметаме како најнормална работа, сепак треба да престанете да им го правите на вашите дечиња и дечињата со кои имате контакт.
Какви може да бидат последиците и зошто скокоткањето е опасно?
Само затоа што детето се смее, не значи дека ужива во скокоткањето.
Смеењето во оваа ситуација е само рефлекс кој не може да се контролира и не е поврзано со уживањето.
Скокоткањето е начин да покажете доминација.
При скокоткање, детето може да изгуби самоконтрола врз себе и своето тело. А, со самата борба да си ја врати самоконтролата и контролата на тоа како реагира, оној кој го скокотка го прави доминантен, додека детето се чувствува непријатно.
Скокоткањето порано било користено како тортура.
Имајте го ова на ум следен пат кога ќе решите дека скокоткањето е само игра. Напротив, порано било користено како вид на физичко насилство и казна.
Детето не е способно да ви каже да престанете.
Неконтролираното смеење го спречува детето да ви каже дека повеќе нема воздух, не може да диши нормално и дека едноставно не му е пријатно.
Скокоткањето може да предизвика долготрајни проблеми со довербата.
Колку и да ви звучи чудно, доктори и педијатри тврдат дека скокоткањето може да нанесе голема психичка болка.
Детето во иднина ќе има проблем да се опушти околу блиските луѓе и ќе биде под постојана стега и притисок дека некој може да го допре и да му предизвика непријатно чувство.
Родители, постојат многу подобри начини да се забавувате и да искажете љубов.
М. Д. | Црнобело