Зошто не треба да ги сакате децата повеќе од вашиот партнер?
Љубовта што ја чувствуваат родителите кон децата неретко ги тера да прават необични работи – останување до доцна навечер за училишниот проект на детето, возење со километри за час по пијано, па дури и секакви обиди за детето да се запише на престижен факултет. Но едно најчудните нешта што ги прават родителите е тоа што ги сакаат децата повеќе од нивниот партнер.
Ова не значи дека не треба да ги сакате вашите деца. Се разбира, треба да се грижите за нив и нивните потреби да бидат на прво место. Но понекогаш ова не е најдоброто решение.
Децата со нивните итни и често чудни потреби лесно привлекуваат посветеност. Од друга страна, нема потреба да го облекувате партнерот, да го терате да јаде или да му ги бришете солзите.
Сакањето на вашите деца е како одење на училиште – баш и немате избор. Сакањето на партнерот е како факултет – на вас останува да се покажете и да учествувате. Па зошто да треба да се трудите повеќе за втората половина во вашиот живот?
Една од причината се всушност децата. Истражувањата покажуваат дека децата чии родители се сакаат се многу посреќни и посигурни за разлика од оние пораснати во опкружување без љубов. Тие имаат модел не само за здрава врска, туку и за тоа како луѓето треба да се однесуваат едни кон други.
Многу истражувања покажале дека тензијата помеѓу партнерите може да се префрли и во интеракцијата со децата. Ова особено важело за татковците. Децата чии родители често се расправаат и си префрлаат вина покажувале полоши резултати на училиште.
Всушност, анкета од 2014-та година, во која учествувале 40.000 домаќинства од Англија, открила дека адолесцентите биле посреќни кога нивните мајки биле во среќна врска. Па, едно од најдобрите нешта што можете да го направите за вашите деца е вистински да го сакате вашиот сопруг.
Навистина лоша стратегија е да ја добивате целата ваша среќа од детето. Малите деца брзо се претворат во тинејџери кои најчесто не сакаат јавно покажување на љубов. Потоа тие растат и си одат од дома. Возрасните деца не сакаат целата ваша љубов да ја насочите кон нив. На крај, останувате сами со партнерот додека чекате некое од децата да ви се јави.
Родителите толку многу им се посветуваат на децата што понекогаш забораваат дека се тим со нивниот партнер. Според некои експерти, токму ова е причината за двојното зголемување на бројот на разводи кај луѓето над 50 години.
Според резултатите од една анкета, голем број парови не можеле да се сетат кога последен пат поминале време насамо со партнерот. Тие како да ја изгубиле способноста да излезат заедно или само да разговараат.
За да ја избегнете оваа тажна метаморфоза, важно е да знаете дека децата не се причината зошто сте завршиле заедно со партнерот. Тие се резултат на вашата врска. Па, посветете му време и на партнерот и покажете му колку многу го сакате.
Спирова С. | Црнобело