Што ги погодува многу татковците во првата година по добивањето на дете?
Мрежата на пријатели е неопходна за тазе татквовците да се справат со огромната промена што им ја носи новата улога.
Да се стане родител е една од најголемите животни промени и ве преплавува чувство дека премногу работи се смениле за прекратко време.
Тоа е време кога ви е потребна голема поддршка од луѓето околу вас. Но, за жал една неодамнешно истражување на 4.000 мажи покажа дека 1 од 5 мажи губи блиски пријатели во првата година по станувањето родител.
Ова предизвикува дополнителен стрес кај мажите кои се трудат да се покажат добро во улогата на татко. Иако се прават силни, ова многу ги погодува.
Татковци кои минале низ ваква искуство советуваат во таква ситуација мажите треба да пронајдат нови пријатели кои исто така имаат мали деца.
Транзицијата е многу тешка за нивното ментално здравје и тие мора да минуваат време со пријателите за да ги наполнат батериите и потоа да бидат добри во улогата на татковци и сопрузи.
С. С. | Црнобело