Милениците ги учат децата на одговорност - дозволете им да растат покрај нив
Чувањето домашен миленик носи многу трајни придобивки како за децата, така и за семејството.
Миленичињата не само што се вистински другари со децата, тие пружаат социјална поддршка како што тоа би го направил и брачен другар, брат или близок пријател, а сопствениците ги гледаат како членови на семејствотото.
Всушност, колку поблизок го чувствувате својот миленик, толку поголем бенефит ќе искусите.
Психолошките истражувања покажуваат дека колку повеќе форми на социјална поддршка добиваме, толку подобро за нашата психа.
Ако ни недостасува нешто, ако сме биле отфрлени или се чувствуваме осамени, истражувањата покажуваат дека дури и размислувањето за нашиот миленик прави да се чувствуваме подобро.
Домашните миленици помагаат да израснете здрави деца
Растењето со миленичиња може значително да придонесе за раниот детски развој. Истражувањата покажуваат дека децата кои живеат со домашни миленици можат да покажат подобра контрола на импулсивноста и помалку симптоми на стрес, депресија и анксиозност. Миленичињата, исто така, може да ја намалат веројатноста за развој на алергии.
Одговорноста за грижата за друг член од семејството може да има трајни придобивки, а давањето одговорност на детето да се грижи за одредени аспекти на домашно милениче може да биде добро и за миленичето и за детето.
Физичкото здравје може да се поврзе со менталното здравје, а одгледувањето миленичиња може да придонесе за двете. Предавајќи му ја на детето одговорноста за шетање на миленикот, му овозможувате на детето да развие чувство за обврска, истовремено грижејќи се за потребата од активност на миленикот.
Од исклучителна важност е да се разговара со домашниот миленик - можеби ви се чини чудно или смешно, но токму таа врска со животното е тоа што им помага на животните да ни бидат од корист.
Зборувајќи со миленикот ќе му покажете дека сметате дека тој има сопствен ум и своја слободна волја.
Постојано зборуваме за тоа што животните прават за луѓето, но забораваме да кажеме што луѓето прават за животните.
Миленичињата може да ни користат, но мора да им дадеме и нешто. Не можеме само да ги донесеме во нашите животи и да очекуваме дека ќе ни ги подобрат. Ние вистински треба да се грижиме за нив.
Кои миленичиња се идеални за деца?
Кучиња
Кучињата нудат одлично дружење иако некои раси можат да бидат несоодветни за децата. Најпогодни раси за дружба со деца се лабрадори, ретривери, мопс или кокер шпаниел.
Мачки
Популарен избор за многу семејства (особено каде што просторот е ограничен), мачките бараат помалку внимание од кучињата, но сепак треба добро да се грижите за нив.
Риби, глодари и мали птици
Овие животинки се одличен избор за да го научите детето да се навикне на рутина и да се грижи за друго суштество.
А. Ш. | Црнобело