Фотографија од истоштена мајка по породување испраќа моќна порака

„Како е бебето? Кога ќе го видиме?“, а дали некој некогаш прашува како е мајката, колку болка чувствува?

fotografija-od-istoshtena-majka-po-poroduvanje-isprakja-mokjna-poraka-01.jpg

Фотографијата направена од Алекс Довел се прошири вирално и предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

Таа го овековечи мигот колку нејзината пријателка Теми од Флорида била истоштетна по породувањето.

Алекс вели дека во тој миг имало многу луѓе во болничката сала, но сите биле сконцентрирани на бебето, а никој не обрнувал внимание како е мајката по овој болен и тежок процес.

„Мајките се сè уште во болка по породувањето, но никој не зборува за тоа што всушност им се случува физички. Луѓето мора да покажат повеќе љубов кон мајките“, порачува Алекс.

„Морав да ја сликам, ова беше дел од нејзината приказна“, додава таа.

Никој не ја гледа болката во очите на мајката и сите се концентрирани како е бебето, што му е потребно, дали може да го придржат, што да му купат... Но, што е со мајката?

Многу мајки дадоа поддршка на оваа моќна порака.

In the hustle of the room I peered over at my friend bent over in pain. Baby had just been born and everyone was...

Posted by Alex Michele Photography on Wednesday, May 22, 2019

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“ „Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на ...
Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg