Ѕвезди чии деца не јадат месо, јајца и млеко
Веганизмот е растечки тренд во Холивуд. Освен што тие не консумираат никакви производи од животинско потекло, некои славни личности одлучија на истиот режим да ги стават и своите наследници.
Ова се ѕвездите чии деца не јадат месо, јајца и млеко:
Џена Деван
Поранешната сопруга на актерот Ченинг Татум е веган од десетгодишна возраст.
Џена Деван и нивната ќеркичка ја храни исклучиво со продукти од растително потекло.
„Мислам дека мора да јаде хумус за здрава тежина.“
Мадона
Таа е светска икона на музиката и филмот. Поп кралицата е мајка на шест биолошки и посвоени деца.
Мадона настојува тие да го следат нејзиниот строг режим на исхрана, па имаат список со намирници кои им е дозволено да ги јадат дури е отсутна.
Станува збор за веганска, органска и макробиотска храна, бидејќи освен за сопственото, ѕвездата се грижи многу и за здравјето на наследниците.
Вуди Харелсон
Глумецот не само што консумира единствено растителни намирници, туку јаде исклучиво сирова храна.
Вуди Харелсон не готви. Не пржи, вари и пече. Татко е на три деца, кои исто така го имаат прифатено веганството како животен стил.
„Кога започнав со диетата, не беше толку од морални или етички побуди. Повеќе од енергетски причини. Да се има повеќе енергија во текот на денот е секогаш плус кога сте константно со обврски.“
Алиша Силверстоун
Познатата актерка станала веган заради земјата, животните и сопственото здравје.
Така го одгледува и синот, а подготвена е да им помогне и на другите родители кои би сакале децата да ги хранат на ист начин.
Алиша Силверстоун издаде готвач со вегански рецепти, а меѓу нив се и омилените јадења на нејзиното дете.
Натали Портман
Оскаровката не е веган само од здравствени причини. Натали Портман е и активна во борбата за правата на животните.
Мајката на две деца се труди своите малечки да ги изведе на истиот пат, бидејќи смета дека не е воопшто тешка мисија.
„Ништо не жртвуваат. Може да имаат превкусни оброци, без да ѝ наштетуваат на планетата.“
Елен Помпео
И актерката препознатлива по улогата во „Grey's Anatomy“ не е единствениот веган во семејството.
Сите членови се придржуваат на оваа исхрана. Елен Помпео ја донела одлуката по испитувањето на здравствената состојба.
Во разговор со докторот, таа се информирала за сите бенефиции од ваквиот животен стил.
M. A. | Црнобело