Дали побрзо стареат жените со едно или жените со повеќе деца?

Изгледа дека популарното мислење дека мајките стареат побрзо поради стресот и не е баш вистина. Ова го покажале резултатите на едно интересно истражување спроведено во Канада.

dali-pobrzo-stareat-zhenite-so-edno-ili-zhenite-so-dve-deca-01.jpg

Во истражувањето биле проучувани 75 жени, во период од 13 години. Според резултатите, бројот на родени деца има влијание врз темпото на стареење на жената, но на поинаков начин од очекуваното.

Истражувањето го водел професор Пабло Непомански, кој ја барал поврзаноста помеѓу бројот на децата и должината на теломерите на мајките.

Теломерите се наоѓаат на крајот од ДНК молекулата и се клучни во процесот на стареење. Имено, со текот на времето нивната должина се намалува, што пак е причина за исчезнувањето на клетките. Овие промени најпрво се забележуваат на кожата и косата.

Интересно е што истражувањето покажало дека жените кои родиле повеќе деца, имале подолги теломери. Ова значи дека тие најверојатно стареат побавно.

„Побавното скратување на теломерите кај жените со повеќе деца можеме да го поврзиме со драматичното зголемување на естрогенот, хормон кој најмногу се лачи во бременоста“, објаснил Непомански.

Сепак, тој нагласил дека иако естрогенот го забавува скратувањето на теломерите, постојат и надворешни фактори кои влијаат врз темпото на стареење на жената со повеќе деца.

Одгледувањето и грижата за семејството и пријателите може да ја зголеми нејзината метаболичка енергија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg