Како да воспитате љубезно дете?
Квалитетот на вашиот семеен живот зависи од вашите навики. Често забораваме дека токму тие навики го формираат и карактерот на нашите деца - фразите и лекциите што им ги сервирате секојдневно се малите нешта што ќе го одбележат нивното детство и ќе ги насочат во животот.
Токму затоа, љубезноста и сочувствувањето се основа во воспитувањето на детето. Промените што ќе ги направите во таа насока ќе ви помогнат да креирате здрава средина за него.
Но, што подразбираат овие промени?
Одвојте време за дружба наутро
Светот е најубав наутро. Разбудете ги своите деца половина час порано, појадувајте заедно, разговарајте за тоа што треба да се направи во текот на денот полека подготвувајќи се да излезете.
Разликата ќе ја забележите веднаш - многу поубаво почнува денот кога се е организирано и испланирано, наместо кога имате само 15 минути да ги подготвите двете деца а згора на се не можете да ги пронајдете клучевите од автомобилот.
Внимавајте како разговарате со своето дете
Начинот на кој зборуваме со нашите деца го обликува начинот на кој тие самите се разбираат и на крајот на краиштата и начинот на кој тие живеат во.
Истражувањата покажуваат дека учењето на децата позитивно да размислуваат за себе го подобруваат социјалното однесување.
Охрабрете ги своите деца со неколку едноставни фрази:
- Ми се допаѓа што си љубопитен.
- Твојата љубезност бара многу храброст.
- Твоето големо срце ме прави горд родител.
- Секој проблем има решение. Да се обидеме повторно.
- Горд сум што ти си личност која ги третира другите со сочувство и почит.
Прославувајте добри дела на конкретен начин
Истражувањата потврдуваат дека одговорноста е клучен начин за поттикнување на нови навики и постигнување на тешки цели. Кога ќе ги научите своите деца дека љубезноста и помагањето на другите е приоритет, поставувате големи очекувања.
Одвојте време секој ден да прашате: „Кому помогна денес?“ и „Кој ти помогна?“ Со споделување на добри дела секој ден, вашите деца ќе почнат да размислуваат како да станат корисни во општеството, за да може и тие да ја споделат својата приказна.
Пронајдете волонтерска активност
Редовното волонтирање им дава на децата чувство на сила, бидејќи тие се гледаат себеси како помагачи. Кога ќе забележат проблем, тие имаат тенденција да не чекаат некој друг да дојде со решение.
Оваа самоувереност се претвора во храброст да се спротивстават на другите кога ќе се појави социјален конфликт.
Секојдневно споделувајте барем една добра вест
Луѓето се постојано изложени на страшни и лоши вести, па затоа чувството на апатија станува се поприсутно.
За среќа, интернетот е место каде може да принајдете многу позитивни нешта кои би ги споделиле со своето дете - создадете навика секојдневно да споделувате по една позитивна, храбра приказна.
Уживајте во вечерната рутина
Истражувањата покажале дека начинот на кој еден настан или искуство завршува, го одредува начинот на кој ние се чувствуваме за тоа искуство.
Премногу е лесно да побрзате и да ги испратите децата во кревет, и сите ние понекогаш го правиме тоа.
Но, ако си дозволиме да уживаме во последниот дел од денот, сите ќе се чувствуваме поповрзани, поблагодарни и подготвени за денот што доаѓа.
Со истрајност, овие цврсти корени на љубезноста како особина ќе им помогнат на нашите деца да прераснат во сочувствителни, корисни, љубопитни возрасни луѓе кои ќе уживаат во своето знаење.
А. Ш. | Црнобело