Жена роди џиновско бебе од речиси 6 килограми
Малиот Тобиас се родил со големина како за две бебиња и ништо од облеката за новороденчиња не му било точно.
Николина Њукомб од Нов Зеланд уште кога била бремена чувствувала дека нејзиното бебе е многу големо и сака добро да се протегнува.
Чувствувала болка кога клоца, но докторите според нивните мерења не мислеле дека е ништо надвор од вообичаеното.
Кога малото се родило тоа ги изненадило сите. Тежело неверојатни 5.9 килограми. Малиот Тобиас бил роден природно.
Стомакот на Николина пред породувањето бил толку голем што луѓето ја прашувале дали е бремена со близнаци. Но, таа всушност родила едно бебе со големина како две и неверојатно, но тоа го сторила без царски рез.
Таа откри дека ништо од облеката за новороденче што му ја купила не го собирало затоа што облеката била за бебиња до 5 килограми, а Тобиас бил потежок.
Запознајте го ова преслатко големо бебе:
С. С. | Црнобело