Родителите во минатото биле многу поопуштени во одгледувањето деца за разлика од денешните (фото)
Се сеќавате ли на времето од вашето детство и на начинот на кој растевте во опуштена атмосфера? Можете ли тоа да го споредите со детството на денешните деца?
Во минатото, родителите биле порелаксирани и опуштени при одгледувањето на деца.
Тие не се потресувале за секоја ситница и не пишувале во групи со мајки за секакви детали во растот и развојот на нивното дете.
Не се затворале дома и не се жалеле колку е тешко да се има дете, туку се дружеле со пријателите дома или во барови, заедно со нивното дете.
Не се плашеле да му дадат голтка пиво и не се воделе по секакви стандарди за врзување со безбедносни појаси и посебни детски седишта за во автомобил.
Децата имале поголема слобода, а родителите биле поопуштени, и иако можеби од овој аспект не сите методи изгледаат правилно, сепак децата израснале во здрави и паметни индивидуи.
Неколку стари фотки покажуваат како изгледало родителството во минатото – во некои ќе се пронајдете и слатко ќе се насмеете.
Имате ли и вие вакви фотки од слободното и опуштено детство?