Мудар изум: Татко дизајнирал маичка за да добива бесплатна масажа од синчето
На грбот на маичката на овој Јапонец има шини, а неговиот син со задоволство вози воз по нив и притоа го масира.
Софтверскиот јапонски инженер од Google Кен Кавамото смислил креативен начин како да добива масажа од синот.
Наместо да го подмитува со играчки и слатки работи, тој креирал маичка на која на грбот има отпечатено шини за воз.
Сега, тој легнува на земја, а неговиот син со задоволство ја вози својата играчка воз по шините и со тоа Кен добива масажа.
Секој пат кога неговиот син е расположен за возење на возот по шините, Кен се радува.
Кен го сподели изумот на Твитер и доби аплауз за креативноста:
https://twitter.com/kenkawakenkenke/status/1102205318971351045?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1102205318971351045&ref_url=https%3A%2F%2Fmetro.co.uk%2F2019%2F05%2F06%2Fdad-designs-t-shirt-with-train-tracks-on-so-he-gets-a-free-massage-when-his-son-plays-9420636%2F
С. С. | Црнобело