8 начини на кои губењето на родител ќе ве промени засекогаш

Ќе ви стане физички лошо од тага, ќе чувствувате како од вас да е откорнат еден дел и како секоја клетка од вашето тело да доживува емоционална траума.

8-nachini-na-koi-gubenjeto-na-roditel-kje-ve-promeni-zasekogash-01.jpg

Смртта е природна работа и неизбежен дел од животот. Губењето на родител е болно и трауматско искуство кое остава на нас лузна трајно.

Вистината е дека без разлика колку години имаме кога ќе изгубиме родител животот ни се менува комплетно, а ние се менуваме како личност.

Начини на кои губењето на родител ќе ве промени:

- Ќе ви стане физички лошо од тага, ќе чувствувате како од вас да е откорнат еден дел и како секоја клетка од вашето тело да доживува емоционална траума, ќе бидете слаби, истоштени и може да го изгубите апетитот.

- Ќе сфатите зошто семејството е најважно во животот и ќе се сетите дека и во најлошото родителите не ви го свртеле грбот, никој никогаш нема да ве сака толку искрено како родителите.

8-nachini-na-koi-gubenjeto-na-roditel-kje-ve-promeni-zasekogash-02.jpeg

- Ќе се чувствувате осамени, изгубени и празни, ќе ви остане голема дупка во срцето и родителот ќе ви недостига на родендени, одмори и во секој миг што сте го поминувале со него.

- Нема да ви биде комфорно кога ќе ги слушате другите луѓе како се жалат од своите родители, ќе сакате да им кажете дека се привилегирани што ги имаат крај себе.

- Дури и ќе бидете љубоморни што другите имаат родители со кои го минуваат времето.

8-nachini-na-koi-gubenjeto-na-roditel-kje-ve-promeni-zasekogash-03.jpeg

- На празниците и специјалните пригоди ќе се чувствувате осамено, ќе ја нема мајка ви или татко ви да ви се јават и да ве потсетат за нешто.

- Уште ќе чувствувате желба да му се јавите на родителот за да споделите кога ќе ви се случи нешто важно.

- Ќе сфатите колку многу всушност ги сакате родителите, ќе почнете да го цените секој миг минат со вашите деца и спомените креирани со нив.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
25 позитивни фрази кои секој родител треба да им ги кажува на децата пред спиење „Раскажи ми за својот ден, сакам да слушнам како си помина“, „Ме расположуваш се...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg