Реакцијата на мајка која очекувала бебе девојче, а добила момче
Докторите ѝ дале погрешна прогноза, а таа и сопругот мислеле дека и ова дете ќе им биде девојче, како претходните две.
Ненси Реј од Северна Каролина имала две девојчиња и го очекувала своето трето дете.
Иако за првите две деца не го провериле полот, за третото го направила тоа и докторот ѝ кажал дека повторно ќе добијат девојче.
Нејзиниот сопруг се подготвувал психички дека целиот живот ќе биде опкружен само со жени, но на породувањето се случило изненадување.
Бебето всушност било момче, а реакцијата на Ненси на ова е уловена на фотографии.
Ненси му благодари на својот фотограф за овековечувањето на нејзините емоции и вели дека и таа и сопругот се шокирале кога виделе дека бебето всушност е машко и се среќни што по две девојчиња добиле момче.
С. С. | Црнобело