„Ќерка ми се врати од градинка гризната 25 пати“
Мајка се жали дека нејзиното дете било изгризано во градинка, а воспитувачките воопшто не го забележале тоа. Фотките станаа вирален хит.
Алис Брајан од Аризона ја обвини градинката во која оди ќерка ѝ за негрижа. Нејзината 15-месечна ќерка се вратила дома од градинка со 25 гризнатини на грбот.
Кога ѝ ја соблекла облеката и ја видела ужасната глетка почнала да плаче, а случајот го пријавила во полиција.
„Бев тажна и бесна едновремено. Фактот што воспитувачките воопшто не забележале и едноставно го пратија моето дете дома е неверојатно,“ изјави таа.
Фотографиите од нејзиното дете станаа вирален хит, а таа им порачува на сите родители да внимаваат повеќе.
„Се чувствувам како моето дете да сум го оставила на некој кому воопшто не му е грижа за него“.
Гризнатините биле направени од страна на друго дете и досега полицијата нема покренато никаква постапка.
С. С. | Црнобело