Како предбрачен договор, сега партнерите потпишуваат „бебе-договор“
Чест е случајот кога мајките вршат 99% од обврските околу детето, па овој договор има цел да го промени тоа. Некои го поддржаа, некои го осудија. Што мислите вие?
Луѓето сакаат да ги планираат работите, понекогаш и повеќе од што е потребно.
Некои парови досега потпишуваа предбрачни договори, а сега на сличен начин ќе ги регулираат и обврските околу децата.
Во светот почнаа да се потпишуваат договори во кои се регулирани обврските на мајката и таткото, односно задачите околу бебето се поделени. Но, ова не е законска обврска и може да има прилагодувања.
Идејата е родителството да биде подеднаква одговорност на двајцата.
Но, многумина се спротивставија на новиот тренд и кажаа дека не е потребен документ кој ќе ги дели обврските помеѓу мајката и таткото. Тие велат дека воопшто не требало да го изберете тој партнер ако не сте сигурни дали ќе се грижи за вашето заедничко дете.
Други пак изјавија дека оваа организациона алатка е совршена за решавање на проблемот на нееднаквото залагање на родителите околу децата.
Што мислите вие?
С. С. | Црнобело