Можев да имам слобода, но наместо тоа – имам деца
Дали некогаш се потсетувам како изгледаше жената во мене пред да има деца?
Таа брза на работа и да стигне да ги заврши сите обврски. Таа оди на бранч со пријателките без да се грижи за ништо.
Таа можеби ќе има деца некој ден, но сега нејзиниот ум не ни помислува што мајчинството ќе му направи на нејзиниот живот. Буквално не замислува. Не знае.
Можев сè уште да бидам таа жена без деца. Но наместо тоа, имам деца – 3 деца во 5 години.
Можев да имам мирни утра и на раат да си правам и пијам кафе додека се подготвувам за денот.
Наместо тоа, имам деца.
Можев да имам викенди кога без грижа на совест ќе се успијам.
Наместо тоа, имам деца.
Можев да имам (многу) повеќе пари во банка.
Наместо тоа, имам деца.
Можев да имам кул автомобил.
Наместо тоа, имам деца.
Можев да патувам низ светот и да ги видам Париз, Лондон, Пекинг, Ерусалим.
Наместо тоа, имам деца.
Можев да имам секси, романтични, љубовни бегства со сопругот.
Наместо тоа, имам деца.
Можев да имам совршено стилизирана коса и шик облека.
Наместо тоа, имам деца.
Можев да имам прекрасно дизајниран дом со луксузен мебел.
Наместо тоа, имам деца.
Можев да ги потрошам последниве години стремејќи се кон повисока работна позиција, останувајќи до доцна во канцеларија без да се грижам за ништо освен за рокови и работни цели.
Наместо тоа, имам деца.
Можев да имам рамен стомак, без стрии и истегната кожа.
Наместо тоа, имам деца.
Можев да бидам слободна да правам што сакам, кога сакам.
Наместо тоа, имам деца.
Наместо тивки утра, ги имам гласчињата на три малечки суштества кои бараат појадок.
Наместо мрзливи викенди во кревет, имам викенди поминати со семејството.
Наместо бегства низ светот, имам евтини одмори со цело семејство + пријатели.
Наместо време само за мене со сопругот, имам прекрасен татко на нашите деца.
Наместо совршена дневна со луксузна кујна, имам играчница полна со играчки и коцки.
Наместо слобода, имам одговорност и бескрајна љубов.
Наместо многу пари, имам три мали суштества со покрив над глава и полни мешиња.
Наместо суетност, имам способност да си го прифатам телото.
Наместо луксузен автомобил, имам функционален кој нè носи безбедно до градинка и назад.
Наместо работа која го импресионира светот околу мене, имам флексибилна која ми е повеќе од потребна.
Наместо сето тоа – ги имам овие три мали подароци кои не би ги менувала за сите пари на светот, рамни стомаци и мрзливи викенди и патувања.
Наместо да се имаме само ние двајца – имаме семејство.