Како да се иселите од домот на вашите родители?

Додека повеќето млади луѓе го романтизираат своето иселување од домот на родителите, она на што најчесто забораваат е големата одговорност. 

Kako da se iselite od domot na vasite roditeli 01

Каде ќе живеете? Како ќе плаќате за кирија? Како планирате да го опремите вашиот нов простор? Дали имате доволно пари? Додека се подготвувате за овој голем чекор земете ги предвид овие совети.

Гледање на поширока слика е клучот за успешно иселување од домот на вашите родители.

Прво треба да се запрашате дали имате постојана работа која ќе ви обезбеди доволно пари за да преживеете? Дали знаете кои сметки треба да се платат? Одвојте време за да ги разберете сите трошоци што можете да ги очекувате.

Одлучете дали сакате да живеете сами или со цимер. Ако одлучите да живеете сами, размислете дали ова ќе се совпаѓа со вашиот буџет.

Пред да ги спакувате торбите испланирајте го вашиот буџет за очекуваните месечни трошоци. Ќе треба да купите и нови работи, како мебел, душек и сл. Не трошете повеќе од една третина од месечната заработувачка за кирија.

Пронајдете ја идеалната локација. Поминете некое време во соседството во кое планирате да се преселите. Размислете за безбедноста. Дали се чувствувате безбедно кога шетате сами ноќе низ населбата?

Kako da se iselite od domot na vasite roditeli 02

Утврдете ги правилата со вашите родители. Седнете со нив и одредете ги одговорностите кои ќе ги преземете. На пример, дали тие и понатаму ќе продолжат да ја плаќаат сметката за вашиот мобилен телефон? Дали ви е дозволено да дојдете во сабота за да ви ја исперат облеката?

Изберете го вашиот цимер. Живеење со вашиот најдобар пријател може да делува како најбезбедно решение, но вашиот цимер треба да биде реален. Осигурајте се дека имате доволно буџет и дека имате резервен план во случај на непредвидени околности.

Кога е вистинското време да станете независни?

Во нашата култура семејството е високо ценето и многу често се поставува пред самостојното живеење. Младите луѓе често остануваат долго време со своите родители, дури и кога ќе создадат сопствено семејство.

Kako da se iselite od domot na vasite roditeli 03

Децата треба да бидат подготвени да ги напуштат родителите, како што и родителите треба да бидат подготвени да ги пуштат. Многу луѓе се плашат од одвојување. Овие примарни стравови ја детерминираат нашата подготвеност да влеземе во нови ситуации, да се одделиме од родителите, партнерите и пријателите.

Покрај тоа, постојат длабоки, често несвесни убедувања, дека родителите нема да можат да живеат сами и дека детето ќе ги „предаде“ со своето заминување.

Кога е вистинското време да станете независни? Не постои вистински или универзален момент. Сè е индивидуално и зависи од различни фактори: подготвеност, мотивација, желби, економска ситуација итн.

Важно е да се прифати фактот дека ние никогаш нема да се одвоиме од родителите. Тие, и по преселувањето, остануваат наши родители. Кога ќе го прифатиме овој факт како неизбежност, тогаш ќе можеме да започнеме една нова животна фаза.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg