Најголемите грешки кои луѓето ги прават поради „отчукувањето“ на биолошкиот часовник
Многу жени во своите доцни 30-ти и рани 40-ти почнуваат да паничат дека нивниот биолошки часовник веќе ги отчукува последните удари и дека веќе немаат време да се средат од семеен аспект.
Некои од овие жени сакаат дете, некои сметаат дека треба да го имаат, бидејќи се очекува од нив, а има и такви кои сепак, не креваат паника поради тоа.
Ако се препознавате во описот, тогаш обидете се да бидете од тие што не паничат.
Помогнете си и избегнете ги следниве избрзани грешки:
Мажење набрзина
Свесни сте дека врската не е најдобра на светот и дека личноста со која сте не е она што ви треба, но од друга страна, подлегнувате на притисокот да се „средите“ и да основате семејство. Многумина ја направиле оваа грешка. Немојте и вие.
Одење преку скратени патишта
Во нова врска сте и сè ви се чини супер. Но, тоа не значи дека треба веднаш да се впуштите во основање семејство со таа личност. Дури и на тие години треба да оставите нештата да се развиваат природно.
Не фантазирајте
Кога сте на таа возраст, можеби и треба да почнете да размислувате за нестандардни семејни структури. Не морате да имате сопруг по секоја цена. Можете да бидете и самохран родител или да имате дете во вонбрачна заедница, да посвоите, да направите ин-витро...
Не ги гушете емоциите
Ако сте во ваква животна фаза, тоа значи и дека е проследена со многу емоции и прашања дали некаде згрешивте. Не ги потиснувајте ваквите емоции. Запрашајте се што повеќе сакате, дете или партнер?
Не се откажувајте
Науката вели дека со текот на годините плодноста се намалува и тоа е сосема точно. Но, истата таа наука дозволува смрзнување јајце-клетки, како и зголемен процент на биолошко реализирање на родители на жени над 40-годишна возраст.
Ако се наближувате кон критичната возраст, разгледајте ги сите опции, но имајте предвид и дека над 35-годишна возраст се зголемува ризикот за спонтан абортус или ризична бременост.
Е. Д. | Црнобело