Првородените деца се попаметни од своите помали браќа и сестри

Дали некогаш сте почувствувале дека родителите повеќе го сакаат вашиот постар брат или сестра? Можеби во детството тој или таа добиле повеќе внимание од страна на родителите, а со самото тоа имале и повеќе корист кој подоцна им помогнала да постигнат многу повеќе нешта во текот на животот.

Prvorodenite-deca-se-popametni-od-svoite-pomali-brakja-i-sestri-01.jpg

Првородените деца се попаметни од своите помали браќа и сестри, покажало новото истражување спроведено во Единбург. Истражувањето вклучило 5000 деца кои биле набљудувани и анализирани од раѓањето па до 14-годишна возраст.

Децата биле тестирани на секои 2 години преку тестови кои вклучувале читање и фонд на зборови. Откриено е дека првородените деца до својот прв роденден покажувале подобри резултати за разлика од помладите браќа и сестри.

За тоа слободно може да ги „обвините“ мама и тато, пишува Men’s Health. Иако родителите на сите свои деца им даваат еднаква емотивна поддршка, потврдено е дека првородените деца добиваат поголема интелектуална потпора.

Воедно, родителите со помалите дечиња поминуваат многу помалку време во решавање задачи со чија помош се развиваат интелектуално, како читање, свирење инструмент и занимавање со некое хоби.

Да биде работата уште полоша, мајките во втората и секоја наредна бременост се однесувале помалку совесно за разлика од првата, свесно преземајќи одредени ризици, како пушење и консумација на алкохол.

Доколку вашиот постар брат или сестра имале подобри оценки од вас, имајте предвид дека истите имале и одредена предност како прво родено дете во семејството имале поголема здравствена, емотивна, но и интелектуална поддршка.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg