„Имам дете од донор на сперма. Одлучив да бидам самохрана мајка“
„Кон крајот на 30-тите немав партнер, имав желба за дете, а шансите за забременување ми одеа надолу...“
Женевив Робертс од Лондон е писателка која останала сингл на 30 години, откако се развела од сопругот.
Во доцните 30-ти вршела испитувања за плодност и ѝ кажале да побрза ако сака бебе.
Клиниката ѝ препорачала донор на сперма како решение, бидејќи немала партнер.
Во нејзината матка било ставено сперма од донор и таа забременила со нејзината ќерка Астрид, која сега има една година.
Сега, Женевив е во 8-миот месец од втората бременост. И овојпат таа забременила преку вештачко оплодување.
За своето искуство пишува во книгата „Going Solo: My Choice to Become a Single Mother“. Вели дека е одлучна во планот сама да обезбеди сè за нејзината ќерка и нејзиното неродено дете.
„Откако ја родив мојата ќерка Астрид не можев да поверувам колку сум среќна. Имам за кого да се грижам и кого да сакам, таа ми е семејство.
И нејзиното име го одбрав сама. Не морав да дискутирам со никого за тоа – ниту со татко, ниту со партнер. Сите одлуки ги носам соло. Иако ова не беше мојот план од бајките, среќна сум“, изјави Женевив.
Во нејзината книга таа говори кои се придобивките од тоа да се биде самохран родител.
С. С. | Црнобело