6 знаци дека сте пораснале во дисфункционално семејство

Сите мислиме дека нашето семејство е сосема во ред, додека не се соочиме со некое друго, кое очигледно функционира многу подобро од нашето.

6-znaci-deka-ste-porasnale-vo-disfunkcionalno-semejstvo-01.jpg

Тој момент е еден од најпоразителните во животот, кога ви се руши секоја илузија која сте ја имале за тоа дека вашите родители се добри и дека сè што правеле, го правеле за доброто на семејството.

Но, некогаш овие знаци не ги забележуваме до моментот кога растеме и сфаќаме дека сме ограничени и дека нешто не било како што треба во нашето детство, па затоа и животот како возрасен тешко ни оди.

Ви звучи познато? Ова се уште шест знаци кои ќе ви покажат дали навистина е така:

Премногу време трошите во задоволување на другите

Чувствувате вина кога правите нешто чисто за себе, па имате потреба да надоместите со тоа што ќе правите натчовечки напори за да ги задоволите другите. Се вознемирувате кога некој е лут и нервозен и мислите дека имате вина поради тоа.

Ова се случило затоа што сте израснале убедени дека треба да бидете добри според критериумите на вашето семејство, кое пак, секогаш велело дека можете и подобро од тоа.

Избирате оштетени луѓе

Најпривлечни за дружење и формирање врски ви се луѓе кои се еднакво оштетени како вас или пак, многу повеќе, мислејќи дека можете да си понудите спас еден на друг.

Проблеми со конфликтите во врската

Имате две „брзини“ - или премногу избувнувате за ситници или ги буткате под тепих сериозните проблеми. Ниту едното ниту другото не е здраво пред сè, лично за вас, а потоа и за врските кои ги воспоставувате во животот.

6-znaci-deka-ste-porasnale-vo-disfunkcionalno-semejstvo-02.jpg

Сакате сè да биде совршено

Од вас се очекувало собата да ви биде уредна, ракописот читлив и убав, да бидете најдобри на училиште... Сето ова оставило кај вас нереални тенденции да барате совршенство во сè што правите, но и да се фрустрирате ако тоа не го постигнете.

Не можете да се релаксирате

Дури и кога немате работа и имате време да се посветите на себе, тешко ви е да го направите тоа, бидејќи во детството секој слободен миг ви бил „краден“ од семејството и нивните желби и искривени вредности.

Вие сте екстремен родител

Одите во крајности - или сте уште построги и поспецифични од вашите родители или пак, целосно ги испуштате децата од раце. Најдете го балансот пред да ја направите грешката која вашите родители ја направија со вас.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg