Скандалозна листа со правила за доење на бебе од 1968 година
Правило: За време на првите 24 часа дозволено е да го доите бебето само 5 минути.
Начинот на кој се гледа на мајчинството е многу променет од 1968 година досега.
На интернет осамна листа правила од болница од 1968 година, а некои од правилата изгледаат малку лудо и смешно.
Интересната листа стана вирален хит.
Некои од инструкциите од листата се во ред, како оние околу хигиената за бебето, но некои се навистина чудни.
Дел од скандалозните правила на листата:
За време на првите 24 часа дозволено е да го доите бебето само 5 минути.
Вториот и третиот ден може да го доите бебето околу 7 минути.
Четвртиот и петтиот ден дозволено е да го доите бебето околу 15 минути.
Ако бебето го доите подолго, може да предизвика вашата брадавица да ве боли.
Исто така има и предупредување мајките да не јадат чоколади, јаболка, зелка, јаткасти плодови, јагоди, цреши, кромид, лук или торта од зелен кокос.
С. С. | Црнобело