9 начини на кои внучињата се добри за здравјето на бабите и дедовците
Им го подобруваат социјалниот живот и прават да не се чувствуваат осамено. Им го зајакнуваат имунитетот и им го продолжуваат животниот век.
Да се има деца е искуство кое го менува животот, но многу баби и дедовци тврдат дека да се има внучиња е дури и подобро.
Зошто? Па, како баба/дедо сте таму само за добрите делови, а оние иритирачките како неспиење навечер ги избегнувате.
Им купувате слатки работи и не се грижите за нивната хиперактивност потоа. Можете да се милувате со нив, а да не мора да им ги менувате пелените.
Се разбира, ова не е баш така, затоа што бабите и дедовците сепак се грижат за своите внучиња во секој поглед.
Но, дали знаете дека и внучињата во голема мерка позитивно влијаат на здравјето на нивните баби и дедовци?