Како вашето „место“ во семејството влијае на вашиот карактер?

Редоследот по кој се родени децата во семејството има големо влијание врз нивниот развој, особено затоа што родителите имаат тенденција секое од децата да го воспитуваат различно.

Kako vaseto mesto vo semejstvoto vlijae na vasiot karakter 01

Најстарите деца се лидери

Тие се многу амбициозни бидејќи како првородени добиваат многу внимание од околината. Немаат браќа и сестри и родителите им се стопроцентно посветени - ваквите деца ја имаат привилегијата да научат многу работи и да пораснат полни со самодоверба што ќе ги направи одлични лидери.

Згора на тоа, како постари, родителите ги тераат да им помагаат на помалите браќа и сестри, без разлика дали се работи за домашни или училишни обврски што дополнително ги развива нивните лидерски способности.

Средните деца се креативни

Постарото дете може да минува низ критична фаза како почеток на средно училиште или ја доживуваат својата прва љубов, па родителите се окупирани со тоа; во меѓувреме на помалото бара многу внимание, а средното се губи некаде помеѓу случувањата.

Средните деца се во постојано друштво на своите браќа или сестри, и токму тоа се смета дека е причината поради која овие деца најретко страдаат од емотивни нарушувања.

Бидејќи вниманието на родителите е насочено кон постарото и помалото дете, средното е на некој начин принудено да се бара себеси без надзор од родителот како и да изнајде начин да привлече внимание. Оттука произлегува фактот дека средните деца често се уметници или комичарите во друштвото.

Kako vaseto mesto vo semejstvoto vlijae na vasiot karakter 02

Најмалите деца се најопуштени

Поради неискуството на родителите кога е првото дете во прашање, тие се често строги и тоа може да се одрази на детето. Кога ќе се роди најмалото, родителите веќе точно знаат што прават и се чувствуваат посмирени, а тоа е голема придобивка за детето.

Кога родителите се смирени, смирено е и детето. Правилата на однесување се пофлексибилни и токму затоа најмалите деца се шармантни и опуштени.

Единците се однесуваат како најстари и најмали истовремено

Овие деца го имаат вниманието на своите родители за себе, а овој факт има свои позитивни и негативни страни. Може да израснете во амбициозен лидер, и истовремено да ве чуваат и негуваат како што тоа би го правеле со најмалото дете.

Единците живеат во светот на возрасните, но тоа не треба да значи дека треба да ги сожалуваме.

Всушност, едно неодамнешно истражување покажало дека децата единци се посреќни од останатите бидејќи не мора да се соочат со ривалството меѓу децата во едно семејство.

Иако немањето брат или сестра може да значи послаби социјални вештини, докажано е дека тие ги стигнуваат соучениците во петто одделение.

Спротивно на општо прифатеното мислење дека се осамени, ресурсите што родителите може да им ги овозможат на своите деца единци може да придонесе тие да бидат многу успешни во животот.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg