„Сакајте ја како што ја сакам јас“ - моќна порака на мајка што ја дала ќерката на посвојување

Со скршено срце изјавила дека не е доволно добра за да биде мајката што нејзината ќерка заслужува да ја има.

sakajte-ja-kako-shto-ja-sakam-jas-mokjna-poraka-na-majka-shto-ja-dala-kjerkata-na-posvojuvanje-01.jpg

Судијката Сара Линч од Велика Британија откри дека во нејзината судница дошла мајка која донела многу храбра одлука. Жената се соочувала со ментални проблеми и затоа одлучила да ја даде нејзината ќерка на посвојување.

Таа напишала емотивна порака до луѓето кои ќе ја посвојат нејзината малечка. Открила дека не е доволно добра за да биде мајката што нејзината ќерка заслужува да ја има и дека секогаш ќе ја сака, а ова го прави за неа.

Мајката долги години се борела со ментални проблеми и изјавила дека најважна ѝ е иднината на нејзината ќерка.

sakajte-ja-kako-shto-ja-sakam-jas-mokjna-poraka-na-majka-shto-ja-dala-kjerkata-na-posvojuvanje-02.jpg

Имињата и годините на мајката и ќерката се држат во тајност, но на виделина излезе дел од нејзиното писмо.

„Се чувствувам неверојатно тажно поради ситуацијава, но знам дека ќе оди во семејство кое ќе ѝ го даде тоа што не можам јас. Еден миг можам да се грижам за неа, а веќе следниот не и тоа не е фер кон неа.

Навистина жалам што дојде до оваа ситуација, но знам дека ја правам вистинската работа и само сакам да знае дека ја сакам и засекогаш ќе ја сакам.“, напиша таа и им порача на идните родители на нејзината ќерка „Сакајте ја како што ја сакам јас“.

Социјалните служби процениле дека девојчето нема да биде безбедно со нејзината биолошка мајка и ниту еден член на семејството не бил во состојба да ја преземе одговорноста и грижата за неа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg