10 правила за воспитување на децата од родителите во скандинавските земји
Ги учат децата да се забавуваат при спортувањето, не да бркаат медали
Љубовта кон физичката активност им се всадува уште како мали, па се вежба затоа што се сака, а не затоа што се мора.
Не ги казнуваат децата физички
Шведска е првата земја која го забрани физичкото казнување на децата дома и на училиште уште во 1979 година.
Ги учат децата да си го сакаат телото
Мајките и татковците во скандинавските земји им дозволуваат на децата да трчаат голи, да го истражуваат своето тело и да видат кои се разликите во споредба со телата на другите. Така, подоцна во животот тие ќе немаат комплекси.
Го прават детето независно
Тие им даваат слобода на децата, па ако сакаат децата може да ги измијат чиниите во домот или да помогнат со некоја друга домашна активност. Па, кога ќе пораснат ќе бидат независни индивидуи.
Ги учат да внимаваат на денталната хигиена
Во Шведска има специјална програма за дентална грижа кај децата. Преку забава децата се учат како да се грижат за забите и без страв да посетуваат стоматолог.
С. С. | Црнобело