10 правила за воспитување на децата од родителите во скандинавските земји

Не им купуваат премногу играчки - скандинавските родителите веруваат дека преголемиот број играчки се дистракција и прават децата да не го ценат тоа што го имаат.

10-pravila-za-vospituvanje-na-decata-od-roditelite-vo-skandinavskite-zemji-01.jpg

Скандинавските земји како да се пред сите други земји во сите аспекти. Така е и со децата.

Децата во овие земји се послушни, а нивните родители релаксирани.

Приоритет им е да ги пренесат вистинските вредности, да ги научат дека е добро да се шета надвор без разлика какво е времето и дека умереноста во животот е најважна.

Правила за воспитување на децата од родителите од скандинавските земји:

Не го форисраат нивниот развој по секоја цена на секое поле

Скандинавските земји имаат релаксиран пристап, па не се опседнати децата да ги запишат во сите можни секции. Повеќе сакаат да ги научат како да се справуваат со емоциите и да си ја развиваат фантазијата.

10-pravila-za-vospituvanje-na-decata-od-roditelite-vo-skandinavskite-zemji-02.jpg

Не им купуваат премногу играчки

Скандинавските родителите веруваат дека преголемиот број играчки се дистракција и децата не се концентрирани. Малиот број играчки им дозволува да си ја развиваат фантазијата и да го ценат тоа што го имаат.

10-pravila-za-vospituvanje-na-decata-od-roditelite-vo-skandinavskite-zemji-03.jpg

Ги охрабруваат децата отворено да се изразуваат

Таму не им велат на децата: „Не си играј, нови ти се фармерките, биди чист“. Напротив тие ги охрабруваат децата да допрат нечист камен и да се забавуваат.

10-pravila-za-vospituvanje-na-decata-od-roditelite-vo-skandinavskite-zemji-04.jpg

Ги учат да ја сакаат природата и да шетаат во секакви временски услови

Тие веруваат во позитивното влијание на чистиот воздух и убавината на природата. Знаат дека тоа влијае на намалување на стресот, подобрување на семејните врски и зголемување на хормонот на среќа ендорфин.

10-pravila-za-vospituvanje-na-decata-od-roditelite-vo-skandinavskite-zemji-05.jpg

Не забораваат на улогата на таткото во семејството

И татковците мора да имаат дневни обврски, а во Норвешка, Данска и Шведска тие може да земаат и „породилно“ отсуство за да минат време со нивните мали деца.

10-pravila-za-vospituvanje-na-decata-od-roditelite-vo-skandinavskite-zemji-06.jpg

Уште 5 правила на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Грешки во воспитувањето што ги прават модерните родители „Ги потценуваат. Децата на 9 или 10 години се многу попаметни отколку што луѓето...
Правила за воспитување на децата што може да ги научиме од Данците Не постои правило ниту дефиниција по која би можеле родителите да го воспитуваат...
Мали работи што родителите треба да ги прават – на децата им значат многу Од најважните луѓе во нивниот живот, родителите, децата треба да слушнат дека&nb...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg