Исповед на мајка: „Квалитети на мојот син со аутизам кои сакам да ги имам и јас“

На 2 април се одбележа денот на свесноста за аутизмот, спектар на нарушувања кои многу луѓе погрешно ги перцепираат. Самата ситуација во светот покажува дека имаме уште многу да учиме за да го разбереме аутизмот.

ispoved-na-majka-kvaliteti-na-mojot-sin-so-autizam-koi-sakam-da-gi-imam-i-jas-01.jpg

Родителите и блиските на децата со аутизам можат да потврдат дека овие деца се навистина посебни, поради прекрасните квалитети кои ги поседуваат.

Една мајка смета дека нејзиното аутистично дете поседува квалитети кои и таа би сакала да ги има:

Неовата неверојатна меморија

„Тој знае да наброи филмови кои сме ги гледале пред неколку години. Памети и датуми кога му се случило нешто убаво. Умее да се сети на многу информации кои јас сум ги заборавила.“

Не знае да лаже

„Тој секогаш ја кажува вистината. Неговата чиста душа не знае што е тоа лага. Можете да замислите како би било кога и ние би ја зборувале вистината цело време?“

ispoved-na-majka-kvaliteti-na-mojot-sin-so-autizam-koi-sakam-da-gi-imam-i-jas-02.jpg

Обрнува внимание на ред и детали

„Без да му кажам, тој умее да запамти како треба да одат нештата. Секако, редот е по будење, да се измијат забите, да се појадува, па да се оди во училиште. Дури и јас некогаш се бунам во таа рутина.“

Тој е среќен

„Сè прави со насмевки, наоѓа причина да ужива во секојдневието. Сè му е возбудливо. Кога некој од нас е тажен, тој прави сè за да нè усреќи. Ни вели дека сме смотани што не се смееме. Разбира емоции, но избира да биде среќен.“

Логичен е

„Со него секогаш знаете на што сте. Не лаже и ви дава до знаење што точно сака. Умее самиот да носи одлуки, но некогаш ние обичните луѓе сме премногу обични за да ја сфатиме таа логика.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg