Луѓето чиишто брачни партнери се наставници или професори се исклучително среќни

Постојат толку многу предности доколку брачниот партнер којшто сте го одбрале е професор или наставник, односно просветен работник. Бидете свесни дека сте одбрале некој кој е грижлив и несебичен. Некој што секогаш ги става другите пред себеси.

Lugjeto-ciisto-partneri-se-nastavnici-ili-profesori-se-isklucitelno-srekni-01.jpg

Имате партнер кој никогаш нема да престане да верува во вас и да ве мотивира со цел да постигнете поголем успех. Ќе научите од него/неа онолку колку што и тој/таа ќе научи од вас.

Вашиот партнер кој работи во образованието е некој што е програмиран никогаш да не крева раце од луѓето. Некој што постојано ќе дава нови и нови шанси додека не ги оправдате истите. Ќе имате покрај себе партнер што безрезервно верува во вас.

Што се однесува до семејството, наставниците и професорите секогаш ќе го применуваат истиот пример како и во училницата. Секогаш ќе се трудат да го дадат најдоброто од себе и да ја донесат вистинската одлука.

Секогаш се во потрага по вистинското решение за секој проблем и го ставаат семејството на првото место.

Доколку сте одбрале професор или наставник за свој животен партнер, бидете сигурни дека сте се одлучиле за најдобрата личности која ќе ви помогне да основате семејство и ќе ги научи децата секогаш да бидат најдобрата можна верзија од себеси.

Ако пак имате разбирање за нивната професија и ги поддржувате во нивните избори и одлуки, тие ќе ви бидат лојални засекогаш. Ќе ве сакаат безрезервно. Ќе ви покажат како најдобро да се снајдете со неколку задачи истовремено.

Знајте дека сте одбрале некој кој има многу трпение, емпатија, некој што е пожртвуван, некој што умее да ги сослуша сите околу него, дури и кога тие шепотат.

Професорите и наставниците умеат да се справат со секаква ситуација со многу разум и достоинство. Но, секој професор и наставник знае дека покрај напорната работа, во животот е важно и да се забавуваш.

Доколку вашиот партнер е просветен работник, може слободно да се гордеете со сопствениот избор на животен сопатник.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg