Во кој момент од животот сите се претвораме во своите родители?
Неодамнешно истражување потврдило дека на одредена возраст, во просек, секој од нас се претвора во еден од своите родители, најчесто ќерките во мајките, а синовите во татковците.
Жените најчесто се „претвораат“ во својата мајка на 33-годишна возраст, додека мажите го прифааат однесувањето на својот татко на 34-годишна возраст. Секако, постојат и исклучоци или кога синот станува како мајка си или ќерката како татко си.
Кај жените, пресуден момент е мајчинството и првите знаци на стареење. По овие физички моменти, тие стануваат свесни дека и во однесувањето наликуваат на едниот од своите родители, најчесто мајката. Почнуваат да носат слична облека, да ги користат истите или слични фрази, но и да имаат повеќе заеднички хобија со својата мајка.
Кај мажите пресвртниот момент е исто така станувањето родител, а потоа и првите изгубени влакна, покачувањето килограми, и интересно, навиката за гаснење на светло зад себе, спуштање на капакот на тоалетната шолја и слушањето слична музика како нивните татковци.
Секако, ова и не е толку лошо, особено кога родителството е во прашање, бидејќи ако вашите родители завршиле добра работа со вас, истото ќе го направите и вие за своите деца.
Е. Д. | Црнобело