„Ќе те кажам на татко ти/мајка ти!“ – А ти мајко/татко слабо авторитет врз детето изгледа

Кожата ми се ежи кога ќе ја слушнам оваа закана „Ќе те кажам на...“. Зарем ти родителу си беспомошен и си помножен со 0 во очите на твоето дете?

kje-te-kazham-na-tatko-ti-majka-ti-a-ti-majko-tatko-slabo-avtoritet-vrz-deteto-izgleda-01.jpg

Колку пати досега сте слушале закана упатена кон дете од едниот родител на сметка на другиот? Мајка му вели на детето „Ќе те кажам на татко ти!“ или татко на детето „Ќе те кажам на мајка ти!“

Зарем само еден од родителите има авторитет како родител? Зарем другиот е безгласна буква?

Ме ежат родители кои немаат контрола врз детето, кои не можат да го смират или да му заповедаат нешто ако не ја употребат заканата од другиот родител.

Јади или ќе дојде вештерот/вештерката. До таму ли стигнавме?

Не, нема добар и лош полицаец. Ова не е американски филм.

Двајцата сте добри родители, кои е сосема во ред на моменти да бидат лоши за да бидат сфатени сериозно од детето. Верувајте, тоа е за доброто на вашето дете, колку и да не му изгледа така сега.

Можеби ќе ви се налути што сте строги и му подвикнувате понекогаш, но еден ден ќе ви биде благодарно што сте го извеле на вистинскиот пат.

Бидете авторитет врз вашето дете. Тоа мора да ве слуша без разлика дали сте мајка или татко.

Некогаш другиот ќе биде долго отсутен, на пат можеби, или пак животот понекогаш игра чудни игри, па може ќе се најдете во ситуација на самохран родител. Со кого ќе се заканувате тогаш? Со баба, дедо, чичко полицаец или...?

Вашиот збор мора да биде слушнат. Вашата „наредба“ за јадење, спиење, учење мора да биде почитувана. Вашите правила за хигиена, однесување и внимателен однос кон другите мора да бидат задолжителни.

Никој не сака да гледа дете како кубе коси за лижавче во продавница и мава по мајка си или татко си. Ниту вие сигурно не си посакувате такво дете. Па, не правете го такво.

Бидете му авторитет, нека има страхопочит кон вас. Никој не вели дека треба да го тепате, туку едноставно уште од најмали години да го воспитате да ве почитува.

Пронајдете начин како ќе го извадите најдоброто од него, како ќе го направите човек вреден за восхит, без притоа да кажете ниту еднаш повеќе „Ќе те кажам на мајка ти/татко ти!“

Вие сте мајка/татко, вие средете ја сами ситуацијата. Пронајдете го вистинскиот метод и детето еден ден ќе ви биде благодарно.

И, се разбира, и вие ќе си бидете благодарни сами на себе.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg