Потрагата по идентитетот - како детето го открива своето автентично јас?

Децата растат и се менуваат на многу начини со текот на годините. Освен физичкиот раст, децата се развиваат социјално, емотивно и когнитивно. Кога детето ќе влезе во третата година сведоци сме на извонредната промена во дете кое веќе го совладало говорот, кое научило да оди и трча.

Potraga po indentitetot kako deteto go otkriva svoeto avtenticno jas 01

Во овој специфичен период на развој, детето веќе го има надминато односот со родителите и животната средина, по што станува подготвено да го открие сопствениот идентитет. До оваа возраст ги поставуваше прашањата: „Кој си ти? Што е тоа / како се нарекува?, за сега да почне да прашува: „Кој сум јас?“.

Тригодишно дете се дефинира преку интеракција со неговите родители, но потоа станува подготвено за нов чекор во неговото воспитание: сознание дека не е дел од своите родители, туку личност за себе.

Иако детето нема обемен вокабулар, има јасни, силни чувства и мисли кои ги изнесува без двоумење, барајќи постојано одобрување и внимание од родителите. Своите мисли и новоформирани ставови ги дели со својата околина.

За време на овој период завршува уште еден важен процес - процес на одвојување од родителите. Повеќето деца чувствуваат внатрешна сигурност и мир знаејќи дека родителите секогаш ќе дојдат по нив, поради што можат да се релаксираат и да го истражуваат светот со своите врсници. До сега центарот на вниманието им беа родителите, сега фокусот им е целосно пренасочен кон врсниците.

Potraga po indentitetot kako deteto go otkriva svoeto avtenticno jas 02

За да дознае кој е, детето мора да проба различни идентитети кои му се допаѓаат. Во оваа фаза момчињата и девојчињата бараат разни суперхерои, ликови од цртани филмови, игри, серии, имитирајќи ги нивните карактеристики.

На овој начин детето може да истражи како неговиот глас може да влијае врз другите, колку ќе биде прифатен и задоволен со оваа улога. Всушност, детето се обидува да види дали одредена карактеристика му одговара и дали сака да ја задржи.

Момчињата честопати ги испробуваат улогите на суперхероите, додека девојчињата почесто сакаат да глумат принцези или нежни животни, но понекогаш улогите се менуваат.

Поконкретно, момчињата честопати сакаат да ги пробаат големите фустани, да ги лакираат ноктите и да прават фризури, додека девојчињата сакаат да бидат нинџи, да се борат со мечеви како витези или да носат мустаќи. Ова е природен процес на идентификација со различни ликови и игра преку која децата се обидуваат да развијат автентична личност.

Potraga po indentitetot kako deteto go otkriva svoeto avtenticno jas 03

Кога родителот реагира позитивно на експериментите на децата им овозможува да истражуваат слободно. Во идеалниот случај, родителот е присутен во оваа фаза. Треба да бидеме внимателна и заинтересирана публика и да му овозможиме на детето да експериментира на безбеден начин, (ако е потребно поставуваме јасни граници). Детето ќе се открие себеси преку својот измислен свет.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg