5 начини на кои родителите може да си ги заштитат децата од страшниот Momo Challenge

Откако повторно се крена прашина околу морничавото суштество Момо, кое ги тера дечињата да прават работи кои може да им го загрозат животот, сите родители се прашуваат дали има начин да си ги заштитат најмалите?

5-nacini-na-koi-roditelite-moze-da-si-gi-zastitad-decata-od-strasniot-momo-challenge-01.jpg

Што е Момо и како функционира може да прочитате ТУКА.

А, во продолжение се 5 совети и начини на кои може да бидете попретпазливи и да ги заштитите вашите дечиња од несакани последици.

1. Разговарајте и кажете им дека Момо не е вистински

Делува очигледно, но верувајте дека доколку на детето му објасните што реално се случува може да помогне. Не заборавајте да потенцирате дека Момо не е вистински човек, а тоа значи дека не може вистински да им наштети.

2. Бидете околу детето кога е онлајн

Важно е и е дел од вашите обврски како родител да го надгледувате детето додека е вклучено онлајн, колку и да ви се чини како непотребно загубено време во кое можете да завршите неколку обврски по дома.

3. Редовно разговарајте со детето

Создадете му навика да ви раскажува што правело, каде било, што видело таму, дали се запознало со некој нов лик денес...

5-nacini-na-koi-roditelite-moze-da-si-gi-zastitad-decata-od-strasniot-momo-challenge-02.jpg

4. Користете ги опциите за забрана на содржини

Зависно од возраста на детето, проценете што треба да му е дозволено, а што недостапно, па според тоа подесете го уредот, односно мобилниот телефон каде детето најчесто гледа цртани и игра игри.

5. Чепкајте низ историјата откако детето ќе заврши со играње

Во овој случај, прекршувањето на приватноста е повеќе од дозволено. Поточно, е препорачливо.

Исто така, кажете му на детето дека сите онлајн споделени информации лесно може да стигнат до вас, бидејќи сè што ќе се сподели онлајн – станува достапно за сите, сите може да го видат и таму останува засекогаш.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg